Мики Секуловски со песната „Ја излези Ѓурѓо“ растури во „Ѕвездите на Гранд“ – овој глас беше пресуден
Мики со народни песни, но во свој фазон...
Мики повторно освои шест гласови
Велешанецот Мики Секуловски се пласираше во финалето од „Ѕвездите на Гранд“, додека Мирза Пандур кој пееше со него оди во бараж.
Мирза и покрај тоа што имаше одличен настап, Мики го победи со еден глас повеќе, кој што му го даде Ѓорѓе Давид.
Речиси сите беа согласни дека Мики е извонреден талент и вистинско чудо на грандиозната сцена.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Тој посебно ги воодушеви и жирито и публиката со изборот на песните со кои што се претстави во четвртфиналето.
Тој настапи и со познатата македонска песна „Ја излези Ѓурѓо“, со која што ја „разнесе“ сцената, како што му порача и Мили.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Сличен коментар имаа и другите, а Цеца на крајот му порача дека се гордее со него и дека беше одличен и покрај тешкиот програм.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Инаку, Мики во жирито имаше поддршка од Омар Џаферовски, пејачот кој не успеа да се пласира во четвртфиналето.
Омар имаше одличен настап во претходната емисија, но на крај одлучи жребот, а пејачот од Македонија немаше среќа.
Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд
Но затоа неговиот пријател Мики растури и во овој круг, па сега многумина се нестрпливи да видат што ќе збере за следниот круг. Впрочем тоа и Вики Миљковиќ го спомна по неговиот настап, која изјави дека Секуловски со тоа што секогаш пружа многу на сцената, сите се прашуваат што ќе покаже во следниот круг, а тој кога ќе излезе ќе покаже сé.
Инаку, Мики за песната Ја излези Ѓурѓо пред неколку месеци снимаше и спот, а како звучеше тогаш, погледнете во продолжение…