Мики Секуловски покажа зошто е најголема ѕвезда во Македонија: „Ја излези, Ѓурѓо“ ечи на сиот глас
Пејачот ова лето нема да има многу време за одмор
Гостите уживаат, Мики распеан како никогаш досега
Мики Секуловски по освоеното второ место во „Ѕвездите на Гранд“ повторно е на врвот на својата слава и речиси да нема викенд, а да не настапува некаде. Велешанецот со својот моќен глас ги полни клубовите низ Македонија, а така беше и изминативе неколку дена.
На неговите настапи гостите секогаш се расположени, а тоа можеме да го видиме и од последното видео што исплива на Инстаграм.
Мики облечен во црвено сако, фармерки и патики се фати за микрофонот и ја запеа „Ја излези, Ѓурѓо“, а сите во еден глас пеат со него.
Инстаграм/ Мики Секуловски
И по секоја песна следуваат овации, а Мики како и секогаш знае да ги избере песните што ќе ги погодат сите во срце и душа.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Потсетуваме, пејачот деновиве се огласи за „Гранд.онлајн“ и откри дека одвај чека да се дружи со публиката од својот град.
Инстаграм/ Мики Секуловски
Инстаграм/ Мики Секуловски
Имено, Мики по големиот концерт на Андријан Петрушовска во Драчево што се случи претходниот викенд, а на кој тој заедно со Александар Јосифовски беа специјални гости, најави дека некаде во септември би можело да се случи и тој да направи голем концерт во неговиот роден град, но најави и нови проекти што ќе се случат .
Повеќе за ова прочитајте тука...