Реклама
Наши ѕвезди

Мики Секуловски кажа „ДА“ – и тоа на финалистката со НАЈУБАВИТЕ НОЗЕ во „Ѕвездите на Гранд“?! (видео)

Тие беа мошне блиски додека траеше натпреварот

Реклама

Мики Секуловски во „Ѕвездите на Гранд“ ги оставаше сите без зборови како со својот глас, така и со моќните сценски настапи.

Велешанецот успеа да стигне до финалето и да го освои високото второ место иако како што самиот призна, ваков резултат беше вистинско изненадување и за него.

Но публиката масовно го подржа и гласаше за него, посебно од Македонија, а според многумина тој и ќе победеше доколку во суперфиналето не беше и Андријана Петрушовска, која исто така е Македонка и која го освои третото место, па македонските гласови беа поделени, за разлика од гласовите на Шејла.

Маркетинг

Како и да е, и Мики и Андријана се воодушевени од остварениот резултат, а и за победничката и двајцата имаат високо мислење.

Маркетинг
Инстаграм/ Мики Секуловски

Секуловски во една пригода за „Гранд.онлајн“ дури и призна дека радо би снимил дует со победничката Шејла Зониќ за која тогаш изјави дека е врвна пејачка и дека би му било чест и задоволство да сними.

Но тој тогаш на прашањето која според него е најдобра натпреварувачка во шоуто спомна една друга колешка од натпреварот.

Инстаграм/ Јулија Петровиќ

„Јулија Петровиќ според мене најдобро пее поп-музика, но и сите останати се добри“, откри Мики тогаш за Гранд.

Инстаграм/ Јулија Петровиќ

Станува збор за финалистката која неофицијално беше прогласена дека ги има најдобрите нозе во шоуто, заради кои многумина ја споредуваа со легендарната Лепа Брена. Јулија додека траеше натпреварот беше мошне блиска како со Мики Секуловски, така и со Омар Џаферовски со кого беше во тимот на Ѓорѓе Давид.

Најдобриот дуел во шоуто – Шејла против Јулија

Јулија во една пригода искрено зборуваше дека Омар не заслужувал да испадне од шоуто и дека многу и е жал заради тоа, но и дека би сакала да сними дует со него и дека во иднина тоа и би можело да се случи. Таа сега на Инстаграм одговараше на прашања што и ги поставуваа фановите, па на прашањето дали би настапила во Македонија, со Мики Секуловски, таа веднаш му го испрати прашањето на Мики.

Инстаграм/ Јулија Петровиќ

„Можеме ли, ѕвездо???“, по што доби одговор од Мики кој тој веднаш го сподели на својот Инстаграм профил.

„ДА“, одговори Мики.

Инстаграм/ Јулија Петровиќ

Јулија покрај ова сподели уште неколку видеа од кои може да видиме колку навистина беше блиска со Мики и Омар, од кои буквално не се разделуваше, а едно од овие видеа ги насмеа сите. За што поточно станува збор погледнете во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button