Мики направи невиден спектакл во својот роден град – погледнете го моментот што ќе остане запаметен
Емоции на сите страни

Мики Секуловски вчера одржа спектакуларен концерт во својот роден град во склоп на Културното лето Велес 2024.
Концертот беше во велешкиот Амфитеатар кој беше пополнет до последно место и буквално немаше каде игла да падне.
Најголемата македонска Гранд ѕвезда им приреди забава за која уште долго време ќе се зборува, а за тоа сведочат и бројните снимки и фотографии што се појавија на социјалните мрежи од воодушевената публика кои се уште се споделуваат.
Фото: Инстаграм
Мики цела вечер заедно со топлата луѓе што дојдоа да го проследат концертот ги пееше песните, а по секоја песна следуваа овации.
Фото: Инстаграм
Со голем аплауз беа пречекани и гостите на Мики, Андријана Петрушовска, Омар Џаферовски и Лина Пејовска кои сите заедно допринесоа вечерта да биде уште поубава и понезаборавна, а атмосферата уште поневеројатна.
Фото: Инстаграм
Посебен момент беше и кога Лина го зема македонското знаме од публиката и запеа со него, како и моментот кога Мики заедно со Андријана Петрушовска ја запеаја задно „Калино моме“.
Како сето тоа изгледаше, погледнете во продолжение…
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, Мики пред само неколку дена ја воодушеви македонската публика со неговиот настап на концертот на Цеца.
Фото: Инстаграм
Фото: Инстаграм
Тие тогаш испеаја и неколку песни заедно и ги воодушевија сите, а за овој потег на Цеца пишуваа и медиумите од регионот.
Повеќе за ова прочитајте тука…