Мигрантката Нора од Багдад и Боби од Куманово повторно се заедно?

„Ние повторно се сакаме. Ние секогаш ќе се сакаме“

Откако деновиве во медиумите беше актуелна љубовната приказна на мигрантката од Ирак, Нора Аркавази и кумановецот Боби Додевски, односно информациите дека тие пред една година се разделиле, Нора на својот профил на социјалните мрежи објави дека повторно се заедно.

ADVERTISEMENT

Имено, Нора е мигрантка од Ирак која со своето семејство решила да замине во Германија, а на патот кон оваа земја, во Транзитниот центар Табановце, случајно ќе го сретне царинскиот службеник Боби Додевски кој на македонската публика и е познат по хумористичната ТВ серија „Нема љутиш“. Тие ќе се вљубат на прв поглед и својата љубов ќе ја крунисаат со брак, но бидејќи се од различна религија, семејството на Нура се противеше да го признае нивниот брак.

Младата Ирачанка со курдско потекло бидејќи знае пет јазици беше вработена во црвениот крст на Табановце. Кога влезе во брак со Боби ја прифати православната вера, но пред една година, откако му роди син на својот сопруг, решија да се разделат и повторно се врати во Ирак.

 

Но интересно е што деновиве откако нивната приказна повторно беше актуелна во медиумите, и двајцата на своите профили на социјалните мрежи објавија дека се во брачен статус и дека повторно се сакаат.

„Ние повторно се сакаме. Ние секогаш ќе се сакаме“, напиша Нора и сподели фотографија од Боби.

Facebook Comments
(Visited 654 times, 1 visits today)