Меланија на средбата со кралицата Елизабета II носеше беспрекорно издание со кое би можела да ги засени и Кејт Мидлтон и Меган Маркл

Меланија и Доналд Трамп се сретнаа со кралицата Елизабета II

Само да потсетиме, Трамп во неколку наврати ја пофали англиската кралица нарекувајќи ја голема жена. Но бидејќи нас повеќе не интересира модата отколку политиката, тука нема да зборуваме за Трамп, туку само за тоа како изгледаа кралицата и прекрасната прва дама на овој состанок.

ADVERTISEMENT

Кралицата беше бескрајно симпатична во својот препознатлив стил – капут со копчиња во сина боја под кој се познаваше фустан со цветен дезен. За разлика од неа, Меланија носеше деловен комплет во нежна пудра нијанса кој го разби со тенок црн ремен во пределот на половината.

Во прашање е здолниште со молив крој и по малку необично сако со потписот на престижната модна куќа „Диор“, шпиц салонки во слична нијанса, а целото издание го заокружи со ниска пунџа и дискретна шминка.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed