Холивуд

Меланија во најженственото издание досега – само за капутот потроши повеќе од една просечна годишна плата во Македонија

Advertisement

Иако на почетокот повеќето дизајнери ја бојкотираа првата дама на Америка, поради нејзиниот сопруг, денес, две години подоцна – дизајнери и луксузни брендови се натпреваруваат кој ќе и понуди поексклузивно парче.

Advertisement

Имено Меланија за овие две години стана синоним за беспрекорен стил и олицетворение на една жена која едноставно не знае да погреши во модата, и нејзините комбинации секогаш се совршено дизајнирани, се до најмалите детали како накит или очила за сонце. И она што таа ќе го облече со брзина на светлината станува едно од најбараните во светот, а оваа дама ја врати во мода и неприкосновената елеганција и женственоста.

Неодамна повторно го плени светот со фантастично издание со кое се појави на самитот на Г-20, под рака со нејзиниот сопруг Доналд Трамп. Мелани е љубител на класиката и многу добро знае какви кроеви стојат најдобро на нејзината фигура, но знае и многу добро да ги зачини комбинациите со впечатливи бои и дезени, или со необични споеви.

Advertisement

Така беше и овој пат – убавата Словенка додека влегуваше во претседателскиот авион во Вашингтон носеше облека на која малку луѓе можат да останат рамнодушни. Таа едноставно блескаше во тесно молив здолниште во впечатлива пурпурна нијанса чија цена е 2.500 американски долари, а го комбинираше со едноставна блуза и многу ефектен капут од Ралф Лорен кој вреди дури 5990 американски долари!

Таа заврши сè со класични салонки во слична нијанса со капутот и тренди очила за сонце, и иако сето тоа е со пресолени цени – дефинитивно вреди!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button