Овие близнаци се родени одделно во период од два месеци
Алесандро е роден на 24 декември, а неговиот брат Андреа на 22 февруари. Во прашање е многу ретка појава
Нивната мајка мораше да биде итно хоспитализирана во декември 2018 година, кога предвремено се роди Алесандро.
Тежеше само 800 грама бидејќи беше родено во 24тата недела. .
Благодарение на професионалноста на медицинската екипа, плацентата остана недопрена па неговиот брат близнак продолжи нормално да се развива во стомакот на мајката.
Како што велат докторите, во прашање е мошне сложена бременост, но која среќно ќе заврши по 60 дена кога мајката во 8-от месец од бременоста ќе го роди и вториот близнак Андреа кој ќе се роди со 3 килограми.
Близнаците нема да имаат ист датум на раѓање во своите документи, што им создало проблеми на административните работници кога родителите требале да извадат извод од матичната книга на родените.
„Треба ли да напишеме дека има близнак брат кој се уште не се родил?“, го прашале тогаш збунето вработените во службите таткото на Алесандро и Андреа.