23- годишната Алесиа Бонари од Милано на Инстаграм објави селфи на кое се гледаат траги на нејзиното од носење на заштитини маски.
Таа работи како медицинска сестра во миланската болница Гросето.
„Јас сум медицинска сестра и моментално се соочувам со оваа итна медицинска ситуација. И јас се плашам, но не се плашам да одам во шопинг, туку се плашам да одам на работа. Се плашам дека можеби маската не ми стои годи на лицето, се плашам да не сум се допрела случајно со валкани ракавици или можеби заштитните наочари не ми го покриваат целосно очитеи дека нешто поминало на мене.
Физички сум многу исцрпена, зошто апаратите за заштита се многу лоши, под лабораториското одело се потам и штом еднаш ќе го облечам, не можам шест часа да одам во тоалет ниту да пијам нешто. Психички сум исцрпена, како и сите мои колеги кои со недели се во иста состојба како и јас, но тоа нема да не спречи да си ја работиме својата работа“, напиша таа.
https://www.instagram.com/p/B9gmYPLJFt_/?utm_source=ig_embed
„И натаму ќе се грижам за своите пациенти зошто ја сакам мојата работа. Она што ги молам сите е да не го понижуваат нашиот труд, секој да биде несебичен, да остане во својата куќа и така да ги заштитат тие што се најранливи. Ние младите не сме имуни на коронавирусот, и ние можеме да се разболиме или нешто уште полошо од тоа да не снајде. Јас не можам да си дозволам луксуз да одам во домашен карантин, јас морам да одам на работа и да ја сработам својата работа. Вие работете ја својата, ве молам“, им порача на сите. Нејзината објава ја лајкуваа над 600.000 луѓе.
Цела Италија поради коронавирусот стана црвена зона. Забранети се јавни собири низ целата земја, а движењето на луѓето е ограничено. Станува збор за околу 60 милиони луѓе.