Медицинската сестра Лори Кеј реши со песна да ги развесели своите колеги кои лекуваат пациенти со Ковид-19.
Медицинските лица ширум светот се обидуваат да го задржат позитивниот дух на многу начини затоа што тие се во првите редови на одбраната против корона вирусот.
Медицинските сестри во болницата „St. Mary Mercy Livonia“ честопати се молат заедно и даваат мотивациски говори. Една од нив е и Лори Кеј која реши да ги развесели своите колегите кои пожртвувано ги лекуваат пациентите инфецирани со Ковид-19 пеејќи ја песната „Amazing Grace“.
Снимката на 28-годишната сестра која пее за време на својата смена стана хит, и досега има преку стотици илјади лајкови и реакции на социјалните медиуми.
– Добив многу реакции. Се чувствувам благодарно и зачудено – изјави Лори за порталот „free press“.
„Моите колеги ме замолија да им пеам за време на нашето утринско дружење. Оваа недела беше вистинска лудница на нашиот кат, потребна ни е Господовата благодат и милост за да нè води низ ова време. Останете дома. Молете се за болните, но и за вашите здравствени работници кои секојдневно се изложени на ризик “ – додаде Лори.
Медицинската сестра откри дека потекнува од музичко семејство, но и дека од мала пеела во црква.
Во јуни ќе започне со тестирање на вакцина против корона вирусот на граѓани во Германија и Белгија
Германската лабораторија КјурВак од јуни ќе ги започне првите клинички испитувања за вакцината против новиот корона вирус во Германија и во Белгија, најави претседателот на надзорниот совет на компанијата, Жан Стефен. Компанијата КјурВак соопшти дека најрано во јуни, најдоцна во јули, ќе ги тестира првите вакцини врз полнолетни и здрави лица кои не биле изложени на вирусот, потоа вакцината ќе биде инјектирана на веќе изложени лица, и конечно на највозрасните луѓе во населението, кои се и најризичната група, пренесува МИА.
Тестовите ќе се вршат врз две до три илјади лица во Белгија и Германија.
КјурВак информира дека има уште две до три потенцијални вакцини во случај оваа да не се покаже ефикасна, а целта е да се испита кој вид на антитела ќе бидат предизвикани од вакцината и да се разбере кој е имунолошкиот одговор кај луѓето што биле природно заразени.