Реклама
Наши ѕвезди

И без Оскар победивме!

Реклама

Не добивме Оскар…

Но и покрај тоа што нашата екипа нема да се врати во Македонија со најпознатата статуетка во филмската индустрија, тие сепак се победници. Победници на 92 доделување на Оскарите каде на сцената во театарот Долби во Холивуд насловот на документарецот беше два пати прочитан – во трката за најдобар документарец и најдобар странски филм. И тоа е прв пат во историјата на Академијата еден филм да биде номиниран во овие две категории.

Маркетинг

На црвениот килим се појави и главната протагонистка Атиџе Муратова, која од Лос Анџелес ќе изјави:

‒ Мојот живот по снимањето на филмот драстично се промени. Сега имам нова куќа, и сѐ станува подобро и подобро. Сакам публиката да извлече само една порака од филмот: како што јас споделувам со своите пчели, така сакам и сите луѓе да споделуваат едни со други.

Маркетинг

Новинарите беа импресионирани од нејзината појава и ја бараа на црвениот килим, но и многу познати актери кои сакаа да се запознаат и сликаат со неа. Како изгледаше таа во креација на Кокев погледнете во продолжение:

Оскари за Паразит и Американска фабрика

Инаку, Златната статуа за најдобар документарец во кој беше номиниран и филмот „Медена земја“ му беше доделена на филмот „Американска фабрика“. Набргу по ова наградата за најдобар краток документарен филм ја однесе „Учење скејтборд во воена зона ако си девојче“.

За најдобар странски филм во кој исто така меѓу предложените беше и „Медена земја“, наградата ја освои „Паразит“ од Јужна Кореја, филм кој е прв пат номиниран од оваа земја Режисерот и ко-сценаристот Бонг Џун Хо ја доби наградата и за најдобро оригинално сценарио.

Инаку, на доделувањето на Оскарите и ова година немаше водител. Церемонијата беше пренесувана во повеќе од 225 земји од целиот свет, а во продолжение прочитајте и што напишаа од екипата на крајот.

„Пред сѐ, сакаме да се заблагодариме на сите што нѐ бодреа и веруваа во нас. Сепак, и покрај тоа што „Медена земја“ не доби Оскар, сосема сме свесни за големината на овој филм, за значењето на пораката што ја пренесува, за силата на бескрајните приказни што се кријат во оваа земја и за многуте наши талентирани уметници кои знаат како тие приказни да ѝ ги покажат на публиката. Почестени сме што бевме номинирани покрај овие одлични филмаџии со смели приказни кои им се обраќаат на луѓето од целиот свет, на универзалниот јазик на кинематографијата. Не можеше да се предвиди дека нашиот филм ќе влезе во историјата на Македонија и во историјата на номинациите за „Оскар“. „Медена земја“ истовремено беше номиниран во две категории, за најдобар документарен и за најдобар интернационален филм, затоа што универзалноста на приказната и јазикот на филмот ја даваат неговата компетентност и сила да се натпреварува со останатите номинирани. Кога го промовиравме филмот на фестивалот „Санданс“, пред повеќе од една година, не се ни надевавме дека ќе стигнеме толку далеку. Им се заблагодаруваме на сите што веруваа во нашиот мал филм и нè поддржуваа, а особено му се заблагодаруваме на дистрибутерот „Неон“ за вербата во моќта на кинематографијата и во смелото раскажување приказни. На крај, би сакале да ѝ се заблагодариме на нашата водечка ѕвезда, Атиџе Муртова што ни дозволи да влеземе во нејзиниот прекрасен свет. Филозофијата на Атиџе ‒ земи половина, остави половина ‒ е едноставна, но длабока. Тоа е порака во којашто може да се пронајде секоја публика. Горди сме што сме гласниците на таа порака“ ни порачаа медењаците.

Па, ГОЛЕМО браво до целата екипа за овој неверојатен успех!

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button