Меган Маркл се породи?

Обожавателите нестрпливо ја очекуваат првата фотографија од бебето на принцот Хари и Меган Маркл.

Бакингемската палата објави дека војводата и војвотката од Сасекс ќе ги сочуваат деталите поврзани со раѓањето на нивното прво дете. И дури кога родителите ќе решат да го прослават раѓањето на приновата, јавноста ќе дознае дека кралското семејство добило уште еден член.

ADVERTISEMENT

Поради оваа информација објавена од кралската палата британските медиуми почнаа да шират гласини дека бебето можеби веќе се родило, бидејќи трудничкото боледување на Меган започна уште од 20 март.

„Војводата и војвотката од Сасекс на сите им се заблагодаруваат за прекрасните желби и честитки кои досега ги примиле и се подготвуваат за раѓањето на своето дете. Војводата и војвотката донесоа одлука дека самото породување ќе биде приватно. Јавноста ќе биде известена за раѓањето на детето кога тоа ќе се прослави во тесен круг на семејството“, напишаа Меган и нејзиниот принц, а некои овие зборови ги протолкуваа како знак дека бебето најверојатно веќе се родило.

И бидејќи Меган веќе цел месец е на трудничко боледување, според ова и бебето би требало веќе да е стигнато.

Во прилог на овие гласини е и пристигнувањето на пријателот на Меган, Даниел Мартин, во Лондон, за кој се смета дека ќе биде кум на бебето.

Поради тоа фановите со нетрпение ја очекуваат објавата со фотографија од бебето на официјалниот Инстаграм профил на војводата и војвотката од Сасекс.

Нивниот профил не е ажуриран три дена.

Facebook Comments
(Visited 1.380 times, 1 visits today)