Меган Маркл се породи – принцот Хари го откри полот на детето, а со овој „необичен“ гест ги воодушеви жените од целиот свет (видео)
По вестите дека Меган Маркл се породи се обрати и принцот Хари кој откри како се чувствуваат мајката и бебето
„Меган и јас добивме син – здраво момче. Мајката и детето се добро. Тоа беше најневеројатното искуство кое би можел да го замислам. Како жените го прават тоа што го прават, невозможно е да го сфатите. И двајцата сме апсолутно воодушевени и благодариме на сите на поддршката. Беше неверојатно и сакавме тоа да го споделиме со вас“, изјави принцот Хари во неговото обраќање, а на неговото лице можеше да му се види воодушевувањето.
Војвотката од Сасекс и нејзиниот син влегуваат во историјата
Кралското бебе беше родено вчера во 5.26 часот, и тоа е првото кралско бебе што припаѓа на две раси. Таткото на Меган Маркл е белец, а нејзината мајка е афроамериканка, па затоа Британците ќе добијат прво кралско бебе со такви корени. Иако се претпоставува дека кралицата Шарлот во 19 век исто така имала афроамериканско потекло, тоа до сега никогаш не е службено потврдено од страна на палатата.
Бебето е првото кралско дете со право на американското државјанство бидејќи неговата мајка, Меган Маркл, најверојатно се уште има американско државјанство. Покрај ова Меган е и првата разведена жена која му родила дете кое припаѓа на династијата Виндзор.
Само да потсетиме, кралот Едвард VIII мораше да абдицира поради љубовта со разведената актерка Волис Симпсон. Тие двајцата по абдикацијата добија титули на војвода и војвотка од Виндзор, но немаа потомци.
Еве зошто Меган Маркл но и жените од целиот свет го обожаваат Хари
Хари во своето кратко обраќање до медиумите повторно ги освои срцата на милион луѓе ширум светот, и тоа најмногу поради начинот на кој зборуваше за породувањето на својата сопруга Меган, но и за останатите жени.
„Како жените го прават тоа, едноставно е невозможно да го сфатите“, изјави тој во обраќањето пред новинарите, со воодушевен израз на лицето.
Тој воопшто не се обидуваше да ги сокрие своите емоции и среќата поради раѓањето на синот. За разлика од Хари, останатите машки членови на кралското семејство при објавувањето дека добиле принова во семејството не покажуваа премногу емоции. Принцот Чарлс изгледаше поприлично студено на денот на фотографиите со новородениот принц Вилијам, а премногу емоции не покажа ни братот на Хари кога Кејт Мидлтон ги роди неговите деца.
Едноставно покажувањето емоции не е во склад со кодексот на однесувањето на кралското семејство, па затоа и таткото на Хари и неговиот брат на породувањето на своите жени не зборуваа со толку со емоции. Но реакцијата на принцот Хари откако се роди неговиот син докажа зошто го обожаваат Британците, како и милиони луѓе ширум светот кои немаат врска со Обединетото кралство.