На социјалните мрежи се води дискусија и постојат многумина според кои Меган не е бремена, туку дека има сурогат мајка, кои тврдат и дека имаат сигурни докази за тоа.
Британското кралско семејство во ноември минатата година објави дека Меган е бремена, и како што се очекуваше, тоа предизвика голема прашина во медиумите. Оттогаш новинарите и обожавателите уште пожестоко ја следат на секој чекор, па речиси и да нема ден да помине без вест за неа.
Од сите страни пристигаат честитки за идната принова, но има и такви кои само ја чекаат можноста да ја нападнат поранешната актерка и покрај тоа што на многумина им е омилена принцеза. Меѓу нив секако се доминантни и оние кои тврдат дека таа нема бебе во стомакот, туку перница.
We have MIRROR picking up the Fake Pregnancy news. Next question is, how will Meghan bring in the surrogate's baby? https://t.co/flXsWm7asf
Маркетинг— dpbrown1953 (@dpbrown1953) January 24, 2019
Така, на социјалните мрежи се шират вакви фотографии со Меган, кои наводно го поддржуваат овие чудни тврдења. На некои се гледа војвотката во клекната позиција која, како што велат, е многу комплицирана за бремени жени и сигурно не може да се изврши со таква леснотија со која таа го прави тоа. Исто така, постојат и оние кои забележале дека нејзиниот стомак има „моќ да се шета“, па и затоа најверојатно во различни појавувања изгледа различно.
„Таа двапати клекна, најпрво за да го подигне кучето. Погледнете колку се наведна нанапред. Таа се наведна со отворен капут, па можете да се видите како нејзиниот стомак се собира. Тоа не би било возможно ако бебето беше внатре“, тврди една корисничка на Твитер.
https://twitter.com/benzie55/status/1086742220491886592
Интересна е и теоријата дека новопечената Војвотка од Сасекс сигурно не е бремена, бидејќи одамна е познато дека по никоја цена не би дозволила да се здебели.
„Таа и претходно изјави дека не сака да се здебели, па дури и со поранешниот сопруг потпишала предбрачен договор со клаузула која се однесува токму на зголемувањето на телесната тежина. Значи таа не е бремена. Мајката сурогат е “, објаснува еден друг корисник на оваа социјална мрежа.