Меган Маркл направи нешто што е поприлично снобовски и карактеристично за шмизлите откако се збогати

Некои луѓе откако ќе стекнат поголемо богатство ќе отпатуваат на дестинација која со години ја сонувале, а не можеле да си ја дозволат, или пак да се почестат со скапи парчиња облека, но поранешната актерка и новопечена војвотка од Сасекс, Меган Маркл, отиде и е еден чекор понатаму.

Имено, таа одлучи по првата голема зделка и голем профит во животот, а како што пренесува „Vanity Fair“, да направи забава која неофицијално го носеше насловот на „Sayonara Zara” и на која Меган ги сподели сите парталчиња од своите плакари од хај-стрит брендовите.

ADVERTISEMENT

Облеката, модните додатоци и старите чевли, кои немаа дизајнерски потпис и некоја висока цена, Меган ги сподели со гостите на нејзината забава.

Иако и сега понекогаш носи поевтини модели, војвотката генерално се облекува во најпознатите светски модни куќи како што се Живанши, Стела Макартни, Џејсон Ву и Диор, и досега не ретко имавме можност да ја видиме во многу поскапи парчиња од оние што ги носи Кејт Мидлтон.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed