Меган Маркл е бремена? Поради овој погрешен потег на војвотката британските медиумите не престануваат да зборуваат за тоа

Принцот Хари и Меган Маркл чекаат бебе, пишуваат британските медиуми.

Кралскиот пар склопи брак пред два месеци, а медиумите го следат секој нивен чекор. Тие токму така и дојдоа до овој заклучок, односно поради еден погрешен потег на војвотката. Имено за време на посетата на Ирска Меган направи гест поради кој започнаа гласините дека е бремена.

ADVERTISEMENT

Меган и Хари беа на една забава во Даблин, а кога дојде време за наздравување таа само ја допре чашата со усните. Британските медиуми поради овој гест се сомневаат дека војвотката е бремена, па затоа не сакала да пие алкохол, пренесува хрватскиот портал Дневник.

Според британските медиуми дури и венчаницата морала да се проширува поради наводната бременост, но и дека доколку парот добие девојче ќе го крстат Дајана, по починатата мајка на принцот Хари.

За време на посетата на Даблин, кралскиот пар разговараше со граѓаните. Тогаш една госпоѓа му постави на Хари едно незгодно прашање:

„Мојот сопруг има иста коса како твојата, а ми подари пет деца. Кога вие и Меган ќе направите свое?“ го запраша госпоѓата на што тој се насмеа и одговори:

„Пет деца? Премногу“ – порача Хари.

Facebook Comments
No Comments Yet

Comments are closed