Реклама
MAMAСекс

Мајка призна дека имала секс во болничкиот кревет и тоа само два часа откако се породила

Реклама

Една жена и нејзиниот партнер откако пред неколку години станаа родители, само два часа по раѓањето водеа љубов во болничкиот кревет.

Ова го призна 44-годишната Дебора Хоџ од Лондон во телевизиското шоу „This Morning“ .

Маркетинг

„По раѓањето на мојата ќерка одмарав во собата. Таа лежеше во креветчето до мене, а ние со сопругот се мазевме и ова доведе до сексуални односи “, рече Хоџ, додавајќи дека не чувствувала никаква болка за време на односто поради епидуралната анестезија која ја примила.

„Бевме толку блиску во тој момент. Не се чувствував привлечно, но посебно. Не можев да поверувам дека го сторивме тоа. Ги обвинувам сите лекови кои во тој момент  дејствуваа врз мене “, објасни таа.

Маркетинг

Хоџ и нејзиниот партнер повторно воделе љубов три дена по враќањето од болницата. „Се грижевме за шевовите”, се присетува таа.

Нивната романса не траела и завршила неколку месеци по раѓањето на Амели која ја роди во јули во 2013.

Лекарите не препорачуваат сексуални односи во рок од шест недели по раѓањето, и притоа советуваат задолжителен преглед кај матичен гиниколог.

Ризикот од постпородилни компликации е најголем во првите две недели по породувањето, особено ако мајката има оштетено ткиво или е подложена на епизиотомија. Сексуалниот однос во овој случај може да биде болен и може да се појави инфекција.

„Одлуката за тоа кога е вистинскиот момент за сексуална врска по породувањето е на мајката, но важно е да се чека крварењето да сопре и да се спречат инфекциите и другите компликации. Исто така, жената треба да се чувствува ментално подготвена за тој чин “, вели гинеколог др. Харион Освои.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Back to top button