Мајка прво забележа прамен од косата на седиштето, а потоа и дупка од куршум: Бог не спаси!
Сам Авила се возеше низ улица во Сакраменто, Калифорнија, со својот 3 годишен син, Логан, на задното седиште.
Одеднаш слушнала неколку силни пукотници. И додека мајката се уште била во шок, шофершајбната на автомобилот пукнала, а парчиња од стакло летнале на сите страни.
„Едно лице пукаше од пиштол на паркингот. Еден од куршумите заврши во излогот од продавницата, но никој не беше повреден“ изјави мајката.
Вториот куршум помина директно низ шофершајбната на Сам.
Таа го сопре автомобилот и во паника провери дали нејзиниот син е погоден. И додека се молела во себе, се свртела кон задното седиште – фала му на Господ, тој не беше повреден. Но кога подобро погледна, прамен од косата на детето заврши на седиштето, а забележа и дупка од куршум.
Само еден сантиметар и се можеше трагично да заврши. „Мислам дека Бог не спаси“, изјави Сам.
„Не знам како куршумот го промаши мојот син, но фала му на Господ за тоа“ додаде таа.