Мајка монструм – родила близнаци, па едното бебе го треснала од ѕидот, а другото го оставила да умре во корпа за валкани алишта

„Едноставно го оставив таму. Не знам што во тој момент ми се вртеше низ главата“, му рече на судијата. Но хоророт ни тогаш не беше завршен…

Триесет и еден час подоцна повторно легнала во кадата и родила уште едно дете …

ADVERTISEMENT

Во швајцарскиот град Луцерн во средата беше објавена пресудата на 23-годишната Србинка обвинет за убиство на новородени близнаци. По самото раѓање, едното бебе го убила така што со сета сила го удрила од ѕидот, а другото го завиткала во својата маица и го оставила во кошница со валкани алишта. Таа за убиството на новородените деца, од судот добила затворска казна од две години и 10 месеци. Девојката ќе помине една година затвор, по што ќе биде пуштена на условно 22 месеци, објавија „Новости”.

„Судот ја прогласи обвинетата за виновна за чедоморство и убиство на нејзините деца. Злочинот не е планиран, но секако е тежок. Изречена и е максимална казна од 34 месеци. Ако мајката го убие детето по породување, казната е до три години“ – изјави судијата кој ја објасни пресудата.

Се породила во бањата

Деталите за злосторството изнесени за време на судењето ја шокира јавноста. При крајот на декември 2015 година, девојката била во седми месец од бременоста кога започнале болките. Таа се породила сама во бањата.

Детето го родила во када

„Не знаев како да се породам. Кога почнав, ја наполнив кадата. Денес, не сум сигурен како успеав. Легнав во кадата и гледав на интернет како го прават тоа“ изјави таа пред судот.

Не сакала да абортира

Таа изјави дека нејзиното момче, таткото на близнаците, ја напуштил неколку месеци пред да се породи. Тој ја замолил да абортира, но таа не сакала.

„Бебето плачеше, и тоа не ми звучеше човечки. Бев исплашена“, изјави девојката пред судот. По раѓањето на своето прво бебе, отишла со него во подрумот. Го сокрила новороденчето под облеката, а потоа во еден момент го земала бебето, го удрила во ѕидот и го фрли на подот.

Запрашана како се чувствувала во тој момент, обвинетата одговорила со солзи во очите – „Не знам“. Мртвото новороденче го завиткало во маица и потоа го сокрила во големо кадифено мече. „Го оставив таму. Не знам што ми се вртеше во главата”, изјави таа пред судијата.

Бебето го оставила во корпа

Но тоа не беше крај на ужасот. Триесет и еден час подоцна се вратила во кадата и го родила и нејзиното второ дете, пишува Блиц. Потоа го фрлила бебето во кошницата со валкани алишта каде што тоа брзо починало.

Го призна злочинот

Докторите пред судот изјавија дека другото бебе би имало шанси да преживее ако мајката заминала во болница. Но целиот злочин можел да помине и неказнето ако наскоро не и се слошило, па нејзините родители ја однеле во болница. Докторите веднаш сфатиле дека била трудна и дека неодамна се породила. Повикале полиција и така го откриле злочинот, а девојката во притворот го призна делото.

Facebook Comments
(Visited 11.602 times, 1 visits today)