Мајка монструм го фрлила бебето во контејнер и замина – не знаеше дека ја снимиле камерите

Го оставила новороденчето во контејнер и на мотор заминала како ништо да не случило.

Една жена (29) од Тајланд која се породила пред неколку дена во својот стан во Самут Пракан, решила да се ослободи од бебето.

Таа новороденото бебе го завиткала во прекривка и го оставила во кеса покрај ѓубрето. Надзорните камери ја снимија како доаѓа со контејнерот со мотоцикл, заедно со уште едно дете.  Неколку часа подоцна ѓубреџијата го забележал бебето и веднаш ги повикал сите служби.

ADVERTISEMENT

Полицијата почнала да го истражува случајот, а истрагата ги довела до мајката која ја пронашле во тешка физичка состојба. Ја одвеле жената во болница поради обилно крварење. Таа признала дека имала четири деца и дека не можела да го издржува и петтото кое го оставила со надеж дека некој ќе го пронајде и ќе го земе.

„Не сакав да го убијам. Го родив во тоалетот и сама ја пресеков папочната врвца. Ми беше страв да не ме види некој па брзо побегнав “, изјави таа.

Бебето сега се наоѓа во болница и е во добра состојба.

Facebook Comments
(Visited 656 times, 1 visits today)