Мајката на Богдан изгледа помладо од Цеца – пејачката се запозна со СВЕКРВАТА, работата станува ептен сериозна!
Цеца наводно се запознала со Мира, но…
Најголемата балканска ѕвезда Светлана Цеца Ражнатовиќ наводно се запозна и со мајката на своето девет години помладо момче.
Цеца наводно веќе ја запознала мајката на Богдан Срејовиќ, Мира, но преку видео порака затоа што таа е во Лондон.
Откако му соопштил на својот татко дека е во врска со познатата пејачка, решил на неформален начин да ја запознае и мајка му со неговата избраничка. И токму кога со Цеца Ражнатовиќ бил на ручек, стигнал видео-повик од Лондон. Богдан долго време разговарал со неговата мајка, а потоа во еден момент ја свртел камерата кон Цеца, која што ја поздравила свекрвата, вели извор за „Курир“.
„Мира наводно била воодушевена што нејзиниот син е со една толку убава, успешна и паметна жена“, пишува весникот.
Богдан ги запозна Вељко и Анастасија
Откако заплови во емотивна врска со девет години помладиот Богдан Срејовиќ (38) од Белград, за пејачката сите зборуваат дека сега изгледа како да е на седмото небо.
Како што пренесуваат медиумите, таа деновиве новото момче го запознала со своите деца.
Цеца наводно заедно со момчето и Анастасија и Вељко ја пречекала Новата година во нејзиниот дом во Белград.
Разликата во годините за неа не преставува проблем, затоа што Богдан е веќе возрасен и созреан маж. Како што вели извор за српските медиуми, и покрај разликата во годините, тие изгледаат и физички како одличен пар, посебно што пејачката го негува својот изглед и се држи за свои години.
„Таа е заљубена и не го крие тоа, и прв пат по долго време е сакана и да сака некого, а љубовта и се случи потполно неочекувано“, вели изворот.
„Дури и тоа што Богдан има ќерка од претходниот брак не преставува проблем за пејачката, туку напротив, тоа ги прави поблиски бидејќи и двајцата се родители, па знаат што значи грижа за децата. И бидејќи Богдан веќе е татко, нему не му е важно дали ќе има уште деца или не, а тоа ја прави Цеца поприлично релаксирана и не и создава притисок“, раскажува изворот близок до парот за „Ало“.
Погледнете како тие изгледаат кога се заедно…
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Богдан со својата ќерка
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ
Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ