Маја Оџаклиевска за неуспешниот брак и семејната драма – беше една од најубавите пејачки, а денес живее со пензија од 250 евра
Маја Оџаклиевска беше позната по својата убавина и раскошен глас, но во еден момент се откажа од музичката кариера и својот живот максимално му го посвети на внукот Лука кој боледува од аутизам.
Маја Оџаклиевска иако важеше за една од најдобрите пејачки во регионот, пред две децении реши да се откаже од својата богата музичка кариера.
Маја од тогаш се појавува во поедини телевизиски емисии и настапува само како гостинка, и тоа се случува многу ретко, а своето време му го посвети на семејството. Тоа посебно се однесува до нејзиниот внук Лука, на кого пред седум години му беше дијагностициран аутизам.
„Кога имав четири години, пронајдов мало куче скитник, кое не смеев да го донесам дома, а на кое секојдневно му носев оброци од дома, се додека не порасна. Тогаш почувствував дека сакам да се грижам за оние кои се немоќни. Сама ги воспитував и чував своите деца, за кои мислам дека се добри луѓе. А сега сето свое внимание му го посветив на малиот Лука“, вели Маја во своето последно интервју за „Курир.рс“.
Таа се грижи за синот на нејзината ќерка со нејзината мала пензија и подготвена е да направи сé само да му помогне.
Имено, откако реши да заврши со својата кариера како пејачка, таа живее само од својата пензија од 33.000 динари месечно (помалку од 250 евра). Но како што самата вели, поубаво е да се живее скромно и со толку пари отколку да се малтретира за десет пати повеќе и да се чувствува ништожно.
„Не можам на мојот внук да му пружам многу со мојата мала пензија, но тој ме разбира. Кога ќе кажам ‘Не може баба тоа, нема пари“, тој не е среќен, ама молчи. Не е бесно дете кое сака по секоја цена да биде по негово“, беше искрена Маја која потполно отворено зборува на оваа тема.
Лавовска борба
Маја секогаш кога зборува на оваа тема наведува дека никогаш нема да се откаже од борбата. Таа вели дека се борела и ќе се бори и во иднина се додека својот внук не успее да го излечи. Таа ги советува и другите родителите да бидат отворени и јавно да зборуваат за аутизам бидејќи само така ќе создадат услови да добијат помош. А помош на овие луѓе и те како им е потребна. „Ние така најдовме биоенергичар, квантна медицина. На Лука навистина му помага и неговиот напредок е евидентен. Јас верувам дека Лука еден ден ќе биде подобар“, изјави во една пригода Маја.
Мажите се за една употреба
Таа во една пригода истакна дека не размислува многу за љубовта и откри дека зад себе има дури „12 бракови“.
„Имав 12 таканаречени бракови. Кога ќе дојде оној момент кога е почне мрчење или однесување што не ми се допаѓа, јас ги ставам сите работи во кесе за ѓубре и ќе кажам: ‘Работите ти се тука’. Чао, довидување и нов брак“, раскажа Маја како гостинка во една телевизиска емисија.
Пејачката која долги години живее во Србија, во едно интервју откри дека никогаш во животот не би трпела физичко малтретирање од маж. Таа откри и дека најмногу во врската ѝ пречи ако партнерот ја омаловажува.
„Мажите се за една употреба, кога ќе видиш дека нешто не штима, веднаш треба да му го свртиш грбот и да продолжиш напред. Чашата кога еднаш ќе се скрши, колку сакаш лепи ја, пак ќе се познава. Не можам да ги разберам оние жени кои трпат насилство од страна на партнерите, јас никогаш не би дозволила некој да се изживува со мене“, изјави Маја, која се нашла во ситуација да биде сведок на малтретирање, кога соседот ја ѕвepски ја нападнал својата сопругата и случајот го пријавила во полиција.
„Пред неколку години бев сведок на вакво нешто. Слушнав како сосетката моли за помош и од прозорец видов дека сопругот ја удира со боксови и клоци. Веднаш викнав полиција, дојдоа за 15 минути, направија записник и си отидоа. По неколку дена се видовме и почна да ми вика и да ме обвинува зошто случајот сум го пријавила во полиција. Бев вчудовидена од нејзините зборови и однесување и сфатив дека ѝ нема помош затоа што таа наместо да си замине и да го остави, го бранеше“, изјави тогаш Оџаклиевска која има две ќерки, Теа и Андреја. Малито Лука е син на помладата ќерка – Теа.