Маја во тесно фустанче објави преубава вест – честитки пристигнуваат, таа никогаш не била посреќна!
Погледнете го луксузот во кој ќе го помине еден од најважните денови во животот
Маја Шупут откри дека замина на одмор заедно со сопругот и синчето Блум, а нивниот избор овој пат беше Ибица.
Познатата пејачка на својот профил на Инстаграм се пофали со луксузот во кој ќе го прослави еден од најважните денови за неа и нејзиниот сакан Ненад Татаринов, а тоа е годишнината од нивниот брак.
Маја на бројните обожаватели им се јави уште од авионот во кој слаткиот Блум спиеше, а се разбуди на Ибица.
Таа објави и неколку романтични фотографии, а потоа и кратко видео во кое го најави саканиот со неговата „историска изјава“.
„Денес ни е четвртата годишнина од бракот и кажувам дека ако би се јас прашувал, јас би се оженил уште еднаш, уште еднаш, уште еднаш и уште еднаш. Четири пати, четири години, за секоја година уште еднаш“, се пошегува Ненад и ги воодушеви нивните заеднички обожаватели.
Маркетинг
Маја потоа објави и фотографии на кои и двајцата се во црно од глава до пети, а во фокусот беше нејзиниот моден избор.
Имено, таа за оваа пригода носеше тесен црн фустан со странични прорези во кој блескаше и никого не остави рамнодушен.
Како таа изгледше во ова свое посебно издание, но и како ужива Блум кога е со нив, погледнете во продолжение:
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут
Фото: Инстаграм/ Маја Шупут