Иако мачорот Симон често одеше во Кафе за мачки во Лос Анџелес со својата сопственичка, тој секогаш си држеше до себе.
Тој никогаш не се дружел ниту бил, заинтересиран за друга мачка.
Поради оваа причина, неговите сопственици беа изненадени кога сфатија дека многу му се допаѓа мачката на соседот.Тој со денови ја гледаше низ прозорецот. Втората мача секогаш му возвраќаше на погледот па така , еден ден, сопственикот на Симон, Макензи Кофман, одлучи да ја скрши тишината помеѓу нив.
Па така таа на хартија напиша како се вика? Со љубов, Симон – и го закачи на прозорецот. Набрзо доби одговор од сопственикот кој живее со мачката карши нив. Таа напишала дека нејзината мачка се вика Тео.
Кофман го сподели ова на Твитер, и оваа љубовна приказна доби мноштво публики и станаа вистински хит на Интернет. Наскоро тие организираа средба и се запознаа и ги објавија фотографиите на социјалните мрежи. Првата средба беше одлична, а Симон и Тео останаа заинтересирани и во љубов како кога гледаа низ прозорецот.