Мачките не можат да му одолеат на овој едноставен предмет

ADVERTISEMENT

Колку пати сте ја нашле вашата мачка во кутија или сте виделе како се обидувате да влезе внатре? Мачките обожаваат кутии и за нив не е важна големината.

Фото: 123rf.com

Како и многу однесувања на животните, ова не е целосно разбрано, но како најчест одговор  од експертите се добива дека тоа го прават од безбедносни причини.

Стивен Завистовски, експерт за однесување на животните од Американското друштво за превенција на суровост кон животни (ASCPA), ваквото однесување на домашните мачки го споредува со дивите мачки. Во дивината мачките сакаат да се сокријат во добро засолниште на тешко достапи за местата, така што никој да не може да им се доближи или да го превземе местото.

ADVERTISEMENT

 

Покрај тоа, кутијата има само еден влез преку кој може да следи што се случува околу нив, без страв дека некој ќе ги изненади. Освен во кутии, мачките сакаат да се кријат во гардероби или под ќебе, а таму можат да  го прават  она што најмногу го сакаат – спиењето.

Facebook Comments
(Visited 8 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT

ADVERTISEMENT