Матурскиот фустан на оваа девојка стана хит на интернет

ADVERTISEMENT

17 годишната Кјара Ган од Филипините реши сама да направи аматерски фустан кој е толку убав што стана вистински хит на социјалните мрежи.

Таа на својот фустан работеше месец дена, а на крајот трудот потполно и се исплати. Наместо да купи веќе сошиен фустан, како и повеќето врснички, таа реши со својата мајка да направи прекрасна креација која што е рачно насликана.

ADVERTISEMENT

„Ме инспирираше мајка ми која ме поттикна да го направам овој фустан. Сакам да испробувам нови работи и помислив зошто да не го пробам и ова. Тоа беше последниот голем настан во училиштето и имав цел месец да се спремам“, вели девојката која подеднакво ја сака уметноста и науката.

Таа најпрво побарала совет од професионалец за дизајнот, но кога не и се допаднал резултатот, одлучила од самиот почеток да го направи сама. Задно со својата мајка купија речиси три метри ткаенина и Сваровски кристали, а потоа парче по парче заедно го сошиле фустанот.

ADVERTISEMENT

Цртањето траело пет дена

„Неодамна ја прочитав книгата Tiger Lily која што ја напиша Џои Лин Андерсон и одлучив да направам портокалови цветови. Не цртав ружи бидејќи и покрај тоа што се убави, не го искажуваат мојот карактер. Ги сакам силните бои, како што е портокаловата и зелената“, вели таа.

Фустанот беше готов по месец дена, а Кјара го држеше во таинственост се до матурската вечер кога нејзиниот партнер и кажал дека не можел да поверува – „Два пати мораше да го погледне фустанот. Мислеше дека цветовите се испечатени“, вели оваа креативна 17 годишна девојка.

Таа потоа објави фотографии на социјалните мрежи и досега само на Твитер собра преку 389 илјади лајкови.

 

Facebook Comments
(Visited 2.254 times, 1 visits today)

ADVERTISEMENT