Пред околу две недели на Свети Стефан Јована Томиќ Матора и Анита Станојловиќ склучија брак.
фото инстаграм/Матора
Матора најпрво покажа како ги дочекува гостите меѓу кои беа нејзините блиски пријатели и кумови, па прославата можеше да започне.
фото инстаграм/Матора
Јована уште на самиот почеток му се фрли на алкохолот, а на снимките што ги објави нејзиниот кум на Инстаграм, Марко Џедовиќ, ја гледаме познатата задругарка како го кити ди-џејот со банкноти.
фото инстаграм/Матора
Венчавката на овие две ријалити ѕвезди се случи на една луксузна вила на Свети Стефан каде ноќевање чини 1000 евра.
фото инстаграм/Матора
Меѓу гостите беа бројни личности од светот на балканските реални шоуа, а меѓу нив Александра Николиќ, Филип Цар, старлетата Тијана Ајфон, како и многу други блиски пријатели на Јована и Анита.
фото инстаграм/Матора
„Ти благодарам што го потполни мојот живот и што ќе бидеш моја жена“, изјави Матора, а потоа Анита одлучи дека ќе го носи нејзиното презиме Томиќ, па си ги ставија бурмите и се бакнаа.
фото инстаграм/Матора
По свадбата тие живеат заедно и одлично се согласуваат. Јована сега откри дека сака да се подложи на ин витро оплодување и на Инстаграм откри дека сега планира да го продаде станот во кој живее.
фото инстаграм/Матора
– Искрено, едвај чекам да забременам, ќе работиме на тоа, а сега планирам да го продадам овој стан во кој сме сега, бидејќи ми беше совршен, затоа што бев сама, сега Анита и Алексеј се тука, дури и кога ќе дојде бебето, ни треба поголем – изјави Матора додека подготвуваше вечера.
фото инстаграм/Матора
– Многу сум приврзана за овој стан, ќе видам дали можам да земам некој стан тука, отспротива има зграда која е во изградба, па можеби ќе земам стан таму – се пофали Матора на своите следбеници на Инстаграм.
фото инстаграм/Матора
Потсетуваме, Матора и Анита се запознаа во „Задруга 6“, а по шоуто одлучија да започнат заеднички живот.