Марјана реши драстично да го промени имиџот – нова фризура и најпопуларните трендови по кои полудеа девојките од цел свет
Нашата водителка реши да го промени имиџот
Нашата убава водителка Марјана Станојковска ја промени својата препознатлива фризура и ги воодушеви сите. Таа на социјалните мрежи објави неколку фотографии на кои позира во бициклистички кои важат за еден од водечките трендови за оваа сезона и предимензионирана тексас јакна, а целото издание го заокружи со нејзината нова шик фризура. Имано во прашање е кратка „боб“ фризура која според обожавателите и стои прекрасно на водителката.
Но она што најмногу не изненади е тоа како Марјана го „фура“ еден од најпопуларните трендови за ова лето.
Имено марамите за коса оваа летна сезона дефинитивно не се резервирани само за нашите баби и славните рокери. Овој моден детаљ повторно стана шик, а во претстојната сезона ќе биде „маст-хев“ моден додаток.
Во мода се најразлични материјали, дезени и бои, а можете да ги носите на разни начини и во различни пригоди.
Без разлика дали летото планирате да го поминете на некоја плажа или планина, марама во вашата коса ќе претставува автентичен детаљ во рамките на вашиот стил.
Марамите со шарени дезени со совршени за де на плажа посебно кога не сакате да носите спортски капи или сламени шешири.