Трендови

МАРЈАНА ИЛИ КАЛТРИНА – Која ти е поубава Барби? Инфлуенсерките влегоа во розовиот свет…

Не остана покуса и водителката Елена, на одмор со својот сопруг покажа како и стои циклама.

Advertisement

Девојките низ светот ги преплавија социјалните мрежи во розова боја. Барби манијата е во тек!

По најавата на новиот холивудски филм „Барби“ во кој убавата актерка  Маргот Роби ја има главната улога на  Барби, а Рајан Гослинг на Кен, светот влезе во розовиот свет.

Advertisement

Замислете, рекламата за филмот отиде до таму што ако на Гугл ги пребарате нивните имиња страницата магично ќе ви се обои во розово .

Advertisement

Голем број жени се облекоа во препознатливите розови тонови на Барбара-Барби. Компаниите и за актуелните  кампањи максимално ја користат магијата на розовото.

Ким Кардашијан во последните објави во реклама за пијалок, целата е облечена во розова боја.

Не останаат покуси и Македонките. Па така , ако го отворите инстаграм деновиве обавезно ќе налетатае на некоја  девојка преправена во Барби.

Пејачката Туна на совршен начин го адаптирала новиот тренд, елегантно и раскошно.

Меѓу нашите познати личности водителката и модел Марјана Станојковска беше дел од програмата на премиерата на филмот  во „Синеплекс“ која се случи на 20 јули.

Декорациите во знакот на Барби го привлекоа вниманието, но и нашата вистинска Барби одлично се снајде во улогата.

И популарната  инфлуенсерка  Калтрина Круезиу Балаш, влезе во розовиот свет и објави потсетување од некои постари фотографии кога таа била во улогата на Барби.

Оваа атрактивна русокоса професорка по солфеж и диригирање во средното музичко училиште „Илија Николовски – Луј“ и мејкап артист ги има сите предиспозиции на Барби.

Не остана покуса и водителката Елена, на одмор со својот сопруг покажа како и стои циклама.

Филмот за култната кукла ја издиктира и модата за лето 2023 година, па така на излозите од бутиците ќе забележите како доминираат парчињата на Барби.

Инфлуенсерките веќе ги покажуваат комбинациите кои се „must havе“ за ова лето и се во знакот на веселиот свет со розови очила.

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .
Advertisement

Поврзано

New Ad
Back to top button