Марија Шерифовиќ сподели преубава вест за својот наследник – најубавиот ден во нивниот дом
Најслатката фотографија од Марија со нејзиниот син
Синот на Марија Шерифовиќ наполни пет месеци, а гордата мама се огласи и ја сподели среќната вест со фановите.
Но покрај среќната вест Марија ја објави и најслатката фотографија од наследникот што досега ја има објавено.
Имено, популарната пејачка кој неодамна се оствари во улога на мајка сподели фотографија на која се гледа како го држи во рацете наследникот кој пак држи книга со наслов „Денес полнам пет месеци“.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
На фотографијата се гледа и дека Марио е свечено облечен за овој посебен момент, а гордата мама на својот син му посвети емотивна порака.
„Сонце мое мило, згодно, убаво, дебело, најубаво. Човекот мој најзгоден, ќе полудам, ете“, напиша пејачката.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Инаку, Марија откако се оствари во улога на мајка не се одвојува од својот син, а секогаш кога треба да го направи тоа заради работата што ја работи, односно заради концертите и настапите, тоа го прави со тешко срце.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Впрочем тоа можевме да го видиме и кога се испраќаше од него на заминување во Шведска и кога беше поприлично тажна.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Таа не крие дека сега најмногу ужива да го минува времето со него, но и дека животот потполно и се промени откако стана мајка.
Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ
Марија синот го доби од сурогат мајка, во Америка, а оваа вест тогаш ги изненади, но воедно и израдува нејзините бројни фанови.
Повеќе фотографии од Марија и нејзиниот супер херој, погледнете во галеријата што следува во продолжение…