Марија Шерифовиќ се огласи од семејниот дом – првата фотографија од собата на синот ги воодушеви сите
Прво огласување на Марија Шерифовиќ откако со синот Марио пристигна во Белград
Пејачката со својот син пристигна во Белград
Познатата пејачка Марија Шерифовиќ се врати во Белград заедно со својот син Марио што го доби од сурогат мајка.
Таа веднаш по враќањето ги покани своите пријатели и роднини да дојдат да го запознаат нејзиниот наследник, а потоа се огласи и преку својот профил на социјалната мрежа Инстаграм и им го честиташе католичкиот Божиќ на оние што го слават.
Фото: Инстаграм
Пејачката претходно објави и како изгледа собата на нејзиниот син во која има новогодишна елка и која изглед волшебно.
Фото: Инстаграм
Потсетуваме, Марио се роди некаде на почетокот на декември, а Марија го доби со помош на сурогат мајка.
Фото: Инстаграм
Таа за време на целиот процес најголема поддршка имаше од својата мајка Верица Шерифовиќ која е пресреќна што доби внук. Тие беа заедно во Америка, во Лос Анџелес, каде што Марио се роди. Ова вест ги изненади сите, затоа што пејачката целиот процес го водеше во тајност и само неколкумина знаеја дека очекува бебе.