Марија Шерифовиќ за Нова година посака да стане мајка.
Таа ви интервју за магазинот „Стар“ изјави дека се посериозно размислува а родителство, и дека тоа е најголем триумф во животот. „И при самата помисла на тоа се радувам, така што сум сигурна дека во следните две години ќе станам мајка“, изјави Шерифовиќ непосредно пред Нова година.
Таа призна и дека не сака да има сурогат мајка, туку нејзина желба е да забремени.
„Најлогично е моето дете јас да го донесам на овој свет. Само се надевам дека нема да биде пејач или пејачка. Што се однесува до мене, може да биде музичар, но никако изведувач“ изјави таа во шега и додаде дека за неа е важно само бебето да биде здраво, живо и паметно.
Шерифовиќ исто така призна и дека би било бескрајно занимливо да има девојче кое ќе биде бандит како неа, но и напомена дека не е заљубена и дека се уште е сингл.