Реклама
Наши ѕвезди

Марија Шерифовиќ е во врска со Џејла Рамовиќ? Нови детали што го ШOKИРAA целиот Балкан, а посебно нејзините родители!

Реклама

Многу медиуми во регионот објавија дека Марија Шерифовиќ и Џејла Рамовиќ наводно се во тајна врска.

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ, Марија Шерифовиќ

Како што објави српскиот Курир, тие нивната љубов ја кријат далеку од очите на јавноста. Победничката во Ѕвездите на Гранд наводно веќе со месеци живее во станот на својата менторка во Белград.

Гласините дека тие се заедно се посилно се слушаат и во јавноста, а тие и досега не криеја дека се одлични пријателки и на социјалните мрежи не ретко објавуваа заеднички фотографии. Но сега будното око на медиумите објави и неколку фотографии на кои тие наводно се заедно, а доказите за тоа случајно испловиле на виделина.

Маркетинг

Па така во видеото што Марија Шерифовиќ го снимаше во својот дом по хуманитарниот концерт на кој гостуваше и Џејла се гледаат чизмите на Рамовиќ, истите оние што само неколку дена претходно ги носеше за време на доделувањето на дипломата на нејзината постара сестра.

Како што пренесе Курир, тие наводно се виделе и претходно, кога Марија го испратила во Мостар својот шофер да ја донесе Џејла во Белград.

Фото: Принтскрин

Тие исто така беа и на зимување во декември 2020, а внимание привлече видеото од хотелската соба кога Шерифовиќ се снимаше за своето „стори“, а во позадината на креветот се гледаа две женски пижами. Џејла исто така објави и заедничко селфи од апартманот на кое ги носи пижамите, но набргу го избриша истото. Нивните фанови го забележаа тој детаљ, па Марија објави приказна дека Џејла ја тера да одат на скијање и затоа дошла во нејзиниот апартман.

Маркетинг
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин

Тие двете во август 2019 беа заедно во Марбеља, а интересно е и тоа што Марија додека се уште траел натпреварот „Ѕвездите на Гранд“ пред сите донела торта и и’ го честитала роденденот. Како што пренесува Курир, Џејла наводно запишала економија во Барселона, а не во Белград, за да можат поинтензивни да се дружат, без страв дека некој би ги фотографирал.

Фото: Принтскрин

Како што пренесува Курир, Џејла била гостинка во домот на мајката на Марија во Крагуевац каде заедно ја прославиле Нова година.

Фото: Принтскрин

Таткото на Марија сака свадба?

Инаку, и таткото на поп пејачката Рајко Шерифовиќ имаше коментар за врската на неговата ќерка со Џејла.

Познатиот хармоникаш за српските медиуми изјави дека имал прилика да ја запознае Рамовиќ кога пеела заедно со Марија на нејзиниот концерт.

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

„Одамна е познато кој пол го сака мојата ќерка. Моето дете има право да прави што сака. Од моја страна сé е дозволено! Џејла беше на нејзиниот концерт во Крагуевац, преубава девојка, ме воодушеви со своите манири, харизма и добрина. Тие двете и треба да бидат заедно, а најважно е искрено да се сакаат. Таа има се што мојата ќерка сака од партнерот.“

„Ме радува што мојата ќерка е среќна, а во тој случај полот е најмалку важен“, изјави Рајко.

„Не е важно дали ќе се жени или мажи. Ова со Џејла е нешто посериозно, не е авантура и мислам дека односот треба да го крунисаат со брак. Не ме интересира кој што зборува, бидејќи и за мене зборуваа дека сум коцкар и пи*аница“, изјави за српските медиуми таткото на Марија.

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Родителите бесни на Џејла

И додека главните актерки во оваа приказна се уште немаат дадено никакви официјални изјави, а Шерифовиќ воопшто не е потресена што медиумите пишуваат дека е во близок однос со Џејла, семејството на младата пејачка наводно се загрижени и бесни за сето ова што се случува.

Откако српскиот „Курир“ пренесе детали од „дружбата“ на победничката на Евровизија и младата пејачка, наводно настанал хаос во домот на семејството Рамовиќ во Горажд. Родителите во неверување го читале она за што ништо не знаеле за односот на нивната ќерка и нејзината менторка, биле револтирани и бесни. Тие веднаш побарале објаснување од нивната ќерка, но Џејла ги убедувала дека со Марија е блиска како пријателка и дека љубовната афера и ја сместуваат љубоморните колеги од натпреварот.

Како што пренесуваат српските медиуми, таа наводно цело време на своите родители им зборувала дека останатите кандидати не можеле да го поднесат нејзиниот успех и со вакви приказни само сакаат да и наштетат.

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Како што пренесува Курир, родителите на Џејла многу ја почитуваат и ценат Шерифовиќ, благодарни и се за се што направила за нивната најмлада ќерка, но сепак откако дознале дека помеѓу Џејла и нејзината менторка има нешто повеќе од пријателство за нив тоа бил тежок удар.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Извор близок до семејството вели дека на Џејла и е најважно нејзините родители да бидат смирени, па на сите можни начини ги убедува дека такво нешто не би дозволила и дека има момче кое наскоро ќе го запознаат.

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Таа пред нив наводно истакнала дека Марија и е поддршка и помош во врска со кариерата и школувањето. Таа признала дека ја посетувала Марија во нејзиниот сан, но никогаш не спиела кај неа. Нејзините родители јасно и укажале дека Марија ја прифаќаат исклучиво како нејзина пријателка и колешка што и помага во кариерата.

Фото: Принтскрин

Инаку, Марија во 2013 година прв пат призна дека сака жени

„Да, бев со девојка и тоа е прекрасно чувство. Знам дека сите дојдовте заради ова прашање. Можам да ви кажам дека е супер да имате однос со некој чија брада не боде, изјави таа тогаш на конференцијата за новинари. Од тогаш медиумите со будно око го следат секој чекор на пејачката за да ја фотографираат со девојка, а во еден момент таа и самата подигна прашина кога на социјалните мрежи сподели фотографија на која се држи за рака со друга девојка.

Тогаш медиумите објавија дека Марија година дена била во врска со дизајнерката Елена Кариќ, а по оваа врска таа наводно ја пронашла среќата со атрактивна девојка од Лос Анџелес зарад која често ги посетуваше САД, но идентитетот на оваа девојка остана непознат.

Фото: Инстаграм/ Марија Шерифовиќ

Како што пишуваа тогаш медиумите, Марија Шерифовиќ имаше турбулентна врска и со Рената Лончаревиќ, хрватската победничка за мис универзум во 2000. Тие не се криеја од медиумите, но сепак водеа сметка за нивното однесување во јавноста и тврдеа дека се само пријателки.

Фото: Принтскрин

Марија Шерофивиќ отпатува во Америка каде се дружи со Сани Армани

Инаку, Марија на почетокот од неделата отпатува во Америка каде ќе престојува следните месец дена.

Пејачката секојдневни објавува фотографии од кои можеме да видиме како го минува времето во Лос Анџелес. Таа таму се дружи и со поранешната водителка Сани Армани, која сега живее таму. Тие двете беа заедно на ручек и се пофалија на Инстаграм како наздравуваат и уживаат.

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ

Фото: Инстаграм/ Џејла Рамовиќ
Извор: Курир.рс, СрбијаДанас.рс, Трачара.рс, Свет, Гламур

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button