Некогашната македонска пејачка напиша емотивна порака и откри кој е покрај неа секогаш во тешките моменти.
Маријана ги трогна сите со она што го напиша, а нејзиниот статус доби многу лајкови.
Маријана Нивачевска долги години живее и работи во далелната Австралија, но Македонците и понатаму ја паметат и ја слушаат нејзината музика.
Заедно со нејзината сестра Росана беа најпознатото дуо, кое жареше и палеше, а нивните хитови до денес денес се пеат.
Дотогаш во нашата земја никогаш немало видено две сестри близначки да имаат таков вонсериски талент.
„Признавам“, „Едно срце имам душо“, „Стој“, „Ако не исчезнам“ се песни кои ги знаат и помладите генерации.
Но, нивната заедичка кариера заврши тогаш когa Маријана одлучи да си замине од оваа земја. Тогаш Росана продолжи со соло кариера.
Маријана во Австралија се одлучи и за промена на професијата, па се вработи како стоматолог.
Маријана е активна на социјалните мрежи, каде споделува често фотографии и од приватниот живот.
Од пред извесно време знае да сподели и хумористични статуси со кои ја засмева публиката.
Понекогаш објавува и видеа од себе додека пее, што најмногу ја воодушевува публиката.
Народот и понатаму е жеден за нејзината песна.
Маријана не е воопшто осамена во Австралија и максимално ужива во животот, затоа што најблиските, односно сите што ги сака се таму со неа.
На Фејсбук сподели фотографии и откри кој е нејзина најголема поддршка кога е најтешко.
Таа и пејачката Татјана Лазаревска се најдобри пријателки и често на Фејсбук споделиваат фотографии од нивните дружби.
Заедно патуваат, пеат и се забавуваат.
Токму затоа Маријана на неа и нејзиниот пријател, познатиот стилист, кој секогаш се грижи таа и Ттајана да изгледаат беспрекорно, им посвети емотивна порака:
„Со моите срцки, мои верни другари кои секогаш ми даруваат насмевки и љубов.
Ви благодарам за секоја минутка oд вашето време“.
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска
ФОТО: Фејсбук / Маријана Новачевска