Марина му седи во скутот на Дарко во кожен фустан, а фановите запрепастени од овој „необичен“ детаљ на фотографијата
Марина Гагиќ денес го прослави својот 21 роденден
Таа овој посебен ден го помина со својот сакан Дарко Лазиќ
Тие се заедно од пред две години, од периодот кога пејачот се уште законски беше во брак со Ана Севиќ со кого има ќерка.
Таа беше со него и во најтешкиот период од неговиот живот, додека закрепнуваше по тешката сообраќајна несреќа.
„Среќен роденден, љубов моја“, и порача пејачот на својата сакана со фотографија на која славеничката му седи во скутот.
Марина за прославата носеше црн, кожен фустан со акцент на деколтето и во комбинација со бунда и чанта во слична нијанса.
„Ви благодарам на сите, ве сакам. И едно посебно благодарам за мојата најголема љубов“, напиша Марина во видеото во кое дува свеќички. Но на еден нивен фан нешто друго му падна во фокусот од овие фотографии. Имено, тој го забележа паричникот полн со пари.
„Дарко брате, ама ти ѕиркаат зелените од паричникот“, напиша корисникот на социјалните мрежи алудирајќи на еврата во неговиот паричник.