Марина Гагиќ на почетокот го криеше синот, но сега конечно го покажа и неговото лице – ист е како Дарко, сите гледаа во овој детаљ
За нив може да се каже дека уживаат во љубовта и животот
Свршеницата на пејачот Дарко Лазиќ, Марина Гагиќ, со својот изглед привлекува внимание на социјалните мрежи. Таа е посебно популарна на Инстаграм каде нејзиниот профил го следат неколку илјади фанови.
Марина пред само шест месеци се породи и на овој свет го донесе Алексеј, а потоа за многу кратко време своето тело повторно го доведе во форма и ги изненади сите.
Од друга страна и состојбата на Дарко од ден на ден се поправа по тешката сообраќајна несреќа што ја доживеа при крај на минатата година. Од нивните фотографии можеме да видиме дека љубовта меѓу нив цвета, а марина неодамна покажа и како изгледа нивното шестмесечно бебе.
И бидејќи ширум светот владее празничната еуфорија, Марина реши и малиот Алексеј да го вклопи во својата бајковите новогодишна декорација.
Таа од глава до пети беше облечена во црвено, а во слична нијанса го облече и својот наследник, додека домот го уреди во златно-црвени нијанси.
Таа на Инстаграм објави и фотографија на која е со Дарко и ги воодушеви сите.
„Преубава девојка“, „Убавица“ се само некои од коментарите што се нижеа под нејзините фотографии.