Реклама
Вирално

Мариа Дуда има огромно срце: Таа е еден од главните „виновници“ за реновирањето на куќата на Атиџе – еве што работи денес

Реклама

Активистка, хуманитарка и жена со големо срце која често знае да помогне на оние кои најмногу им е потребна помош.

Мариа Дуда или девојката која во изминатиот период доста се ангажираше со помагање на нашата медена хероина „Атиџе Муратова“ е голем љубител на животните, а често може да се види во друштво на коњи, мачки и кучиња.

Маркетинг

Токму љубовта кон природата и животните ја поттикнала да го трансформира својот имот во селото Опила, Општина Ранковце, за рехабилитација на лица со посебни потреби, за нивна анимација и социјализација со помош на животните.

Мариа смета дека во Македонија пристапот кон луѓето со посебни потреби е на многу лошо ниво. Вели дека нивните родители немаат доволно поддршка, едукација, но немаат ниту сили за промени.

ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук
ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук
ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук

Затоа, со ваков центар би се придонело за рушење на стереотипите за луѓето со посебни потреби, зашто секаде во светот тие се интегрирани во општествата и почитувани.

Токму овој центар пред три недели го прослави вториот роденден, па Марија се огласи и на социјалните мрежи.

Маркетинг

„Денес славам втор роденден. Лани ова време веќе бев во брза помош со тешка фрактура на ногата. Да не се случеше короната и застојот на светот, падот и лошата несреќа немаше ни да се роди идејата за Зелениот центар кој веќе од денес е регистриран и како бизнис. Секое лошо за добро е“, напиша таа тогаш на својот профил на социјалните мрежи.

ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук

 

ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук
ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук
ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук

Мариа е хуманитарка и често помага на многумина, а беше една од „виновниците“ поради кои Атиџе од Медена земја доби целосно реновирана куќа, а сега сака да помогне и на другото семејство кое се појавува во филмот.

ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук

ѓ

ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук

Куќата на Атиџе ни беше еден преубав потег, мислам дека сите кои работевме и физички и ментално не се штедевме. Луѓе сакаа да помогнат или да донираат нешто за Атиџе, па имавме и неколку фирми кои ни дадоа гратис производи што ни беа потребни, а за кои јавно пишав на мојот Фејсбук. Мајсторите кои беа ангажирани и беа платени за надворешниот дел на куќата, внатрешниот го сработија без пари, од почит кон Атиџе, два дена возев и тројца студенти кои го рушеа ѕидот на куќата. Толку убаво бевме координирани и имаше прекрасна енергија. Со Атиџе заедно купувавме материјали и самата си бираше бои какви сака за подот и куќата. Во знак на почит кон сите кои донираат ширум светот направивме табла која стои на куќата, на која пишува „Куќата е целосно реновирана од донациите на хуманите луѓе преку GoFundMe“ и на неа има знамиња од неколку држави од каде што имавме најмногу поддршка. На крај организирав мала веселба со торта, музика и пеење кога беа при крај мајсторите, зашто сакав и тие да бидат дел од славењето за куќата.

ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук
ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук

Следно што сакаме да го оствариме е помош на другата фамилија која беше дел од филмот „Медена земја“. Можеби публиката ги доживеа како негативни ликови, но во суштина без нив „Медена земја“ немаше да биде толкав успех и заслужуваат ист третман. Со оглед дека се огромно семејство со 8 деца, ќе се потрудиме со сопругот да биде остварливо. Држете ни среќа“ рече таа во интервју за „Слободен печат“.

Таа отсекогаш сакала да помага, па уште како студентка волонтирала во Сојузот на слепите, каде што им читала книги за испити на тогашните студенти.

ФОТО: Мариа Дуда/ Фејсбук
Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Фото: Принтскрин

Во продолжение погледнете ја и старата куќа на Атиџе…

Фото: Фејсбук/ Милорад Ангелов

Фото: Фејсбук/ Милорад Ангелов

Фото: Фејсбук/ Милорад Ангелов

Фото: Фејсбук/ Милорад Ангелов

Фото: Фејсбук/ Милорад Ангелов

Фото: Фејсбук/ Милорад Ангелов

Фото: Фејсбук/ Милорад Ангелов

Фото: Фејсбук/ Милорад Ангелов

Фото: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button