Терористот кој ја нападна џамијата во градот Крајстчерч во Нов Зеланд уби најмалку 49 лица, а повеќе од 20 се повредени, според последните информации објавени од страна на полицијата на Нов Зеланд.
Четири лица се уапсени, вклучително и терористот. Убиецот, како што објавија странските медиуми, масакрот го пренесуваше во живо на Фејсбук од самиот почетокот на нападот. На таа социјална мрежа тој се преставува како Брентон Тарант, 28-годишен маж од Австралија.
Објави манифест
Покрај профилот на Фејсбук, тој има налог и на Твитер, иако сега и двете негови сметки се отстранети од овие социјални мрежи откако објави неколку фотографии со оружјето со кое убиваше, но и линк до својот манифест.
Се верува дека Тарант на 73 страници, напишал анти-имигрантската манифест во кој тој објасни кои се причините за неговите постапки, пишува „The Telegraph“. Како еден од главните оправдувања за нападот, во манифест Тарант ја наведе одмазда за убиството на 11-годишната Еба Акерлунд во терористичкиот напад во Стокхолм во 2017 година. Тогаш Узбекистанецот Раахмат Акилов со камион влета во толпа и уби четири лица. Тој напиша дека девојчето се враќало дома од училиште кога била убиена од екстремистот.
„Јас не можев повеќе да ги игнорирам нападите на исламистите. Тоа се напади на мојот народ, нападите врз мојата култура, напади на мојата вера и на мојата душа. Јас не можам тоа да го игнорирам’, пишува тој.
Која е Еба Акерлунд?
Еба кој беше делумно глува, исчезна откако узбекистанскиот терорист Рахмат Акилов со украден камион влета во група луѓе во Стокхолм. По нападот, нејзините родители на социјалните мрежи ги објавија нејзините фотографии обидувајќи се да ја пронајдат. Наскоро се појавија информации дека девојчето починало во терористичкиот напад.
https://twitter.com/_Rephl3x_/status/1106391933826416640
Таа неколку пати се споменува во Манифестот на манијакот што го изврши масакрот во Нов Зеланд.
„Еба беше нешто друго. Млада, невини и мртва Ева. Нејзината смрт, за чија смрт се криви натрапниците, нејзината насилна смрт ме поттикна да го сторам ова“ пишува тој.
Таткото на девојчето, Стефан Акерлунд, беше згрозен од фактот дека терористот од Нов Зеланд ја искористил смртта на Еба за да го оправда овој ужасен чин.
„Ме облеа студена пот кога го видов на оружје името на мојата ќерка. Кога, по ѓаволите, конечно ќе можеме да тагуваме во мир“, изјави тој за Daily Beast.