Реклама
Блогерија

Манекенка добива смртни закани поради нејзините необични веѓи – девојката прозборува за секојдневниот ужас низ кој минува!

Реклама

Нејзината појава никого не остава рамнодушен

Манекенката Софија Хаџипантели (22) секојдневно добива закани по живот на социјалните мрежи и тоа поради нејзините веѓи со кои неверојатно потсетува на изгледот на легендарната мексиканска сликарка Фрида Кало.

Маркетинг

Моделот Софија Хаџипантели е Гркинка, емигрантка од Кипар во Лондон, која денес живее во Америка. Таа била посебна уште додека одела на училиште, и покрај тоа што врсниците постојано ја навредувале, таа упорно носела хеланки од латекс во силни бои и високи потпетици. Таа денес е модел, дизајнира очила за сонце и е активистка која се залага за прифаќање на убавината во сите можни облици. на Инстаграм има повеќе од 300.000 обожаватели и како што вели, за среќа, ја има поддршката од момчето, на кое нејзините веѓи не само што не му пречат, туку и му се допаѓаат.

Маркетинг

„Ги средувам моите веѓи, природно имам поприлично темни, но не баш вакви, малку ги затемнувам”, објаснува Софија. Иако споените веѓи се дел од нејзиниот необичен изглед, природна русокоса откри дека сосем случајно во 2014 година ги нијансирала и веднаш и се допаднал ваквиот впечатлив изглед.

„Никогаш не ја базирав мојата самодоверба на тоа како другите ме гледаат. Во училиште ме малтретираа заради – мојата облека, потоа заради родителите кои беа имигранти, и не зборувавме англиски …“ – вели таа.

„Постојано добивам смртни закани. Звучи неверојатно, но е вистинито. Иако не е смешно. И да, има многу негативни реакции. Нема да ве лажам дека се сите позитивни. Повеќето се негативни. Одвратно е, но постојат луѓе кои се убедени дека е потполно неприфатливо некој да изгледа како мене, а тоа потоа толку ги разбеснува што се закануваат дека ќе ме убијат. Мислам дека тоа има врска со моментално популарната дискусија да ги воспитуваме децата во општество кое не само што преферира, туку и ги охрабрува луѓето да се вклопат. А станува збор за поприлично строги правила“, вели таа.

 

По ова многумина на социјалните мрежи ја подржаа, но и коментираа дека не можат да разберат како некои можат да и се закануваат со смрт поради нејзиниот изглед, односно само поради нејзините необични веѓи?!

https://www.instagram.com/p/Bp-1KKkht8U/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BnPXRh2hFSS/?utm_source=ig_embed

https://www.instagram.com/p/BuL2ejAhr93/

https://www.instagram.com/p/BsJjT6hhk5Z/

 

 

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button