Малото и слатко девојче од Македонија наполни 25 години – фустанот што го облече за роденденот маѓепсува
Некогаш мало и слатко девојче со желба да стане позната пејачка, а денес ја освојува светската сцена.
Ања денес го живее аериканскиот сон.
Младата пејачка Ања Ветерова ги испеа најпопуларните детски песнички, кои ги знаат и новите генерации.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Таа буквално порасна на сцена.
За неа песнички пишуваа најдобрите текстописци во земјава.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Нејзината песничка „За сцена родена сум јас“ беше вистинско претскажување за нејзината иднина.
На 5 години дебитираше на фестивалот за детски песни „Супер ѕвезда“, а на истиот фестивал настапуваше до 2007 година.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Во 2008 година настапи на 51-виот Zecchino d’Oro фестивал во Италија, со песната „Come un aquilone” (Време е за нас) напишана од Калиопи.
Во септември 2010 победи на домашниот детски избор за песна на Евровизија и ја претставуваше Македонија во Минск, Белорусија со песната „Еооо, еооо“ (Магична песна), напишана од Дарко Димитров и Елена Ристеска.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Ања започна да гради музичка кариера во Македонија, но сепак одлучи да си замине надвор од земјава.
По завршувањето на средното образование ѝ се исполнил најголемиот сон, да студира на еден од најпрестижните универзитети за музика „Беркли“ во Америка.
ФОТО: Инстаграм / Ања Ветерова
Веќе имаше можност да ѝ се претстави на американската публика со учеството на Berklee Beyonce ensemble, пеејќи песни од Бијонсе.
Ања наполни 25 години, а за роденденот облече гламурозен фустан кој ќе ве воодушеви.
Целата во златно, Ања буквално блесна.