Малкумина се сеќаваат каква убавица била Есма во својата младост – РАЗИГРАНА И СЛАБА, не сте ја виделе во вакво издание
Малкумина се сеќаваат како Есма изгледала во младоста
Есма Реџепова пoчинa пред пет години кога во болница во Скопје како последица од бpoнхопневмонија.
Нејзиниот живот згасна на 73 годишна возраст, а зад себе остави богата музичка кариера долга преку половина век.
Кралицата на ромската музика почна да снима песни уште во 1961 година, кога имаше само 18 години.
Но денес постојат многу малку фотографии и снимки од тој период, кога Есма изгледала занесно и привлекувала внимание каде и да се појави. Тоа впрочем можеме да го видиме и од спотот од 1966 година, направен за песната „Романо Хоро“, во кој Есма е поприлично разиграна.
И покрај тоа што спотот е едноставен, како и сите од тоа време, Есма со својата динамичност внесува посебна енергија во него.
Инаку, Есма два пати беше номинирана за нобелова награда, својот живот го посвети на музиката и хуманитарната работа.
Таа беше ценета низ целиот свет, а во 2013 година беше прогласена за Национален уметник во Македонија.
Таа и нејзиниот сопруг, Стево Теодосиевски, познат хармоникаш и шеф на оркестарот, немаа свои деца, но затоа животот го посветија на помагање на другите. Тие посвоија дури 47 момчиња, и едно девојче, кои што ги школуваа и кои во главно се занимаваа со музика и настапуваа во нивниот оркестар. Есма својот живот го посвети на песната и хуманитарна работа, и тоа со толку љубов што дури два пати беше номинирана за Нобелова награда.
Прв пат во 1987 година како кандидат на црвениот крст на Југославија, а втор пат на иницијатива на Светската организација на Ромите.
Есма во 1976 година, во Гандинагар, Индија, беше прогласен за кралица на ромската музика.
Таа преку триесет години живееше во Белград, од 1960 до 1989 година, а потоа се врати во родното Скопје каде го подигна Домот на хуманоста и музејот посветен на споменот на творештвото на Стево Теодосиевски (1924-1997).
Есма Реџепова пoчинa на 11 декември 2016 година, во Скопје.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Фото: Принтскрин