Малкумина знаат како изгледаат таткото и мајката на Даниел КАЈМАКОСКИ, погледнете ги и нивните останати синови
Популарниот македонски пејач Даниел Кајмакоски има одличен однос со своите браќа и неретко споделува фотографии со нив на социјалните мрежи.
Даниел Кајмакоски ја освои публиката со учеството на регионалниот Икс фактор каде и го одвои првото место.
Даниел уште со првиот настап се здоби со огромна популарност, а по завршувањето на шоуто неговата кариера тргна во нагорна линија.
Настапи, нови песни, концерти… Даниел не престана да ја освојува публиката.
Многу често дел од својот приватен живот покажува и на публиката.
Она што се знае за него е дека неколку години беше во брак со манекенката и тазе пејачка, Кристина Димитриевска. Плод на нивната љубов е нивниот син Давид.
По нивната разделба тој долго време криеше што се случува во неговиот љубовен живот, но сега одлучи да ја покаже својстс нова девојка.
На Инстаграм често споделува фотографии со убавата црнка, на кои изгледаат вљубено и среќно.
Даниел уште од самиот старт се покажа како скромно момче и така и остана до ден денес, а отсекогаш зборувал и дека е прегорд на своето семејство.
Неговиот талент за музика го добил од татко му Павле, кој со својата хармоника има настапувано на многу свадби и веселби на нашинците во Австрија, каде Кајмакоски се преселени пред многу години.
За неговата мајка Ружа вели дека е негова најголема поддршка.
Ружа е инаку учителка во градинка, и според фотографиите на нејзиниот Фејсбук профил, таа е многу весела жена и е активен член на забавите на македонските друштва во Австрија.
Круна на љубивта меѓу Павле и Ружа се нивните три сина, Даниел, Далибор и Филип.
Далибор живее во Австрија каде работи во компанија за транспорт и во ланец познати маркети.
Најмалиот нивен брат Филип, кој е 13 години помлад од Даниел и тој исто така многу си личи со своите браќа.
Филип се уште живее во Виена и се занимава со музика исто како и неговиот брат.
Филип на Инстаграм објавува кавери од познати екс-ју пејачи преку кои го покажа талентот за музика.
Деновиве тој е во посета на својит брат Даниел во Белград.
По повод празникот Ноќ на вештерките, Даниел сподели фотографии од нивните маски.
Според објавите на Инстаграм и Фејсбук може да се забележи дека Филип неверојатно многу потсетува на својот брат.
Погледнете и уверете се:
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Инстаграм / Даниел Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски
ФОТО: Фејсбук/ Филип Кајмакоски