Малата Сара се претвори во ВИСТИНСКА ДАМА – еве што прави денес ќерката на Борис Трајковски

Беше 26 февруари кога граѓаните на Република Македонија ги разбуди стрaшна вест дека исчезнал авионот со кој патуваше тогашниот претседател на земјата, Борис Трајковски.

ФОТО: Фан страна Борис Трајковски / Фејсбук

По речиси дводневната неизвесна истрага, излезе траорната вест дека „Нема пpеживеани во авионската несpеќа“. Со претседателот во авионот беа уште 8 луѓе, меѓу кои, Димка Илкова Бошковиќ, Ристо Блажевски и Анита Лозановска – советниците во Кабинетот на претседателот, Миле Крстевски, вработен во МНР, Борис Велинов и Аце Велиновски – обезбедување, Марко Марковски и Бранко Ивановски – пилоти на авионот.

ФОТО: Фан страна Борис Трајковски / Фејсбук

Трајковски беше вториот претседател на Македонија. Роден е на 25 јуни 1956 година во Струмица.

За претседател на Република Македонија беше избран на претседателските избори во 1999 година. Мандатот на Трајковски беше обележан со тензии меѓу етничките Македонци и големото етничко албанско малцинство во републиката.
Во 2002 година, тој беше почесен витез на орденот на Свети Михаил и Свети орѓи од Х.М. кралицата Елизабета Втора.

ФОТО: Фан страна Борис Трајковски / Фејсбук

Но, неговиот мандат за жал, заврши кобно.
Трајковски почина на 26 февруари 2004 година во авионска несреќа на патот кон економска конференција во Мостар, Босна и Херцеговина. Авионот се урна во густа магла и пороен дожд на планината во југоисточна Херцеговина, во близина на селата Поплат и Врсник на околу осум милји (15 км) југо-југоисточно од Мостар.

Авионот падна во област која беше силно минирана за време на Босанската војна од 1990-тите, што значително ги попречи напорите за спасување и закрепнување.

Иако причината за несреќата сѐ уште не е позната, се чини веројатно дека тоа е резултат на контролиран лет на терен, евентуално влошен од наводни грешки направени од контролорите на воздушниот сообраќај на ССБХ на Меѓународниот аеродром Мостар Ортијеш.

ФОТО: Фан страна Борис Трајковски / Фејсбук

Пристапот кон пистата на аеродромот 34 беше критикуван од пилотите бидејќи пистата не била опремена со прецизни системи за слетување, особено во лоши временски услови.

По неговата cмрт неговото семејство го продолжува наследството преку Фондацијата Борис Трајковски.

ФОТО: Фан страна Борис Трајковски / Фејсбук
ФОТО: Фан страна Борис Трајковски / Фејсбук

Генералното мислење за Трајковски по неговата cмpт не е далеку од изјавата што стои на официјалниот сајт на Меѓународната фондација Борис Трајковски каде се вели:

„Претседателот Трајковски беше особена личност, кој се посвети себеси многу повеќе од она што се бараше од него како претседател. Тој беше вистински народен човек и го живееше својот живот посветен на својата земја Македонија, како и на поголема регионална и меѓународна соработка. Како голем поборник за единствена Македонија, Претседателот Трајковски беше активен во сè она што го правеше, вистински верувајќи дека Македонците со различно етничко и религиозно потекло можат да живеат и работат заедно“.

ФОТО: Фан страна Борис Трајковски / Фејсбук

Граѓаните го паметат како „народен човек“, искрен и непосреден, го паметат по приврзаноста кон неговиот струмички дијалект, по „иминиите“ одноно обувките кои му ги изработуваа по нарачка заради големиот број (47), но најмногу по заложбите за заедништво и разбирање меѓу луѓето.

Цела земја тагуваше, но загубата на претседателот најтешко му падна на неговото семејство.

ФОТО: Фан страна Борис Трајковски / Фејсбук

Зад себе ги остави своите две малолетни деца Сара и Стефан како и сопругата Вилма Трајковска.

По неговот зaaгинување, сопругата Вилма и нивните деца целосно се повлекоа од јавност. Народот мноу малку знае за нивната приватност.

Она што ѝ познато на јавноста е она што може да го види од социјалните мрежи на ќерката на покојниот претседател.

ФОТО: Фан страна Борис Трајковски / Фејсбук

Сара Трајковска порасна во вистинска убавица, на која нејзиниот татко со сигурност би бил многу горд.

Таа живее во Њујорк каде студираше на еден од најпрестижните Универзитети. Нејзиниот татко дефинитивно би бил горд на неа и нејзините успеси.

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук

Не се експонира во јавност, таа е само обична девојка која дури и во Америка во себе ја носи љубовта и sпоменот на Македонија и нејзиниот татко.

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук

Она што може да се забележи од фотографиите е тоа дека Сара неверојатно многу потсетува на нејзината мајка. Се чини дека убавината ја наследила од неа, но отменоста, умереноста, силниот карактер ѝ борбеноста ѝ се наследени од нејзиниот татко.

Со една своја фотографија на Фејсбук разнежни многумина. На фотографијата е фатена ќерката на претседателот додека спокојно следи дискусија, а во позадина се гледа фотографија од нејзиниот татко.

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук

Денеска навршија 17 години од зaгинувaњето на претседателот.

Делегација на Владата составена од министерката за одбрана Радмила Шекеринска, министерот за надворешни работи Бујар Османи и заменик-министерката за животна средина и просторно планирање Христина Оџаклиеска, како и сегашниот претседател Стево Пендаровски положија венец со свежо цвеќе на гробот на претседателот Трајковски на градските гробишта „Бутел“ во Скопје.

ФОТО: Влада на Република С. Македонија

Освев врвот од политиката, почит на својот сакан оддаде и семејството на Трајковски. Ниту една година не испуштаат да присуствуваат на положувањето цвеќе.

Во нашето колективно сеќавање претседателот Трајковски останува врежан како човек од народот и човек за народот, но и како државник со непоколеблива визија за нашата земја како општество на сите граѓани и фактор на мирот и стабилноста во регионот.

ФОТО: Влада на Република С. Македонија

Вопродолжение погледнете уште фотографии од ќерката на покојниот претседател:

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук

 

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук

 

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук

 

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук

 

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук

 

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук

 

ФОТО: Сара Трајковска / Фејсбук
(Visited 4.335 times, 2 visits today)