Ќе се изненадите колку пари ќе заработи Јордан Митев во Австралија – некои концерти се веќе распродадени!
Пејачот и ова година ќе си гази во Австралија, влезниците за некои концерти веќе се распродадени
Познатиот пејач на овој континент ќе одржи повеќе концерти, а просечната цена на влезниците се движи околу 50-на долари.
Познатата македонска фолк-ѕвезда Јордан Митев во следните неколку недели ќе одржи повеќе концерти во Австралија, а како што известуваат организаторите на неговата турнеја на социјалните мрежи, влезниците за некои од овие настани веќе се распродадени.
И ако земеме во предвид дека влезниците за овие концерти се движат околу 50-на долари, како и тоа дека Јордан важи за еден од најуспешните и омилените македонски пејачи во оваа земја, повеќе од сигурно е дека тој заедно со својот тим ќе заработи многу пари.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Република Ентертејнмент
Повеќето од овие пари секако дека одат за пејачот, а како што може да се забележи од Фејсбук страницата на организаторите „Република Ентертејнмент“, интересот за концертите е голем.
Картите се продаваат одлично, а некои концерт се веќе распродадени како што можеме да видиме и од следната објава…
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Република Ентертејнмент
Во прашање е концерт за кој влезниците чинат 110 австралиски долари (околу 65 евра) и кои веќе се распродадени.
И ова не е единствениот негов настап што веќе е распродаден и ако земеме во предвид дека во прашање се места на кои може да собере многу луѓе, па дури и по неколку илјади, турнејата на Јордан ќе биде и повеќе од успешна, а тој ќе заработи голема цифра на пари од која на многумина би можело да им се заврти во глава.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Пејачот во Австралија заминува во октомври, каде во склоп на турнејата ќе ги опфати поголемите градови.
Фото: Принтскрин/ Фејсбук, Република Ентертејнмент
Првиот негов настап е во Сиднеј, на 13 октомври, и тој веќе е распродаден, а последниот треба да биде на 18 ноември во Перт.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Инаку, Јордан на една од претходните турнеи во оваа прекуокеанска земја ја запозна својата сакана сопруга Славица.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Тие неодамна прославија шест години брак (види тука) и живеат во родното село на Јордан, Подареш.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Славица е Македонка родена во Австралија, а со познатиот пејач ќе се заколнат на вечна љубов во 2017 година.
Фото: Принтскрин/ Јутјуб
Митев во јули оваа година во интервју за Гламур магазин ја откри најубавата вест со која ги израдува сите.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Имено, Јордан тогаш откри дека неговата сакана е блажена состојба и дека наскоро ќе се остварат во улога на родители.
Фото: Фејсбук/ Јордан Митев
Повеќе за ова прочитајте тука...