Реклама
Вирално

Македонците како да не се премногу исплашени од коронавирусот – погледнете што се случува на улиците и кејот во Скопје

Реклама

И додека Италијанците пеат и свират на своите прозори и балкони, нашите момчиња и девојки уживаат во убавото време.

Имено, речиси цела Италија е во карантин, но граѓаните на оваа земја не се предаваат. Па така вчера беше објавен апел преку социјалните мрежи до сите што се во изолација да излезат на своите прозори и балкони во 18 часот, со своите музички инструменти и заедно да запеат како целата земја барем за неколку минути би се претворила во еден голем концерт. И тие се јавија на повикот. Италијанците на сиот глас ја пееја химната како и фудбалските навивачки песни со кои сакаа да го подигнат моралот на 60-те милиони жители затечени од пандемијата Ковид-19.

Маркетинг

И додека тие седат во карантин и ги пеат своите песни, нашите сограѓани го искористија убавото време за прошетка.

Фото: Фејсбук/ Ненад Лазаров

Некои беа на кафенце и покрај препораките да не се излегува, а други решија да го задржат својот спортски дух и вежбаа на кеј. Како да е нормален пролетен ден парковите беа полни со луѓе, со родители и мали деца, а згодните скопјанки кои очигледно не се премногу загрижени за корона вирусот, се шетаа по убавото време. Погледнете како изгледаше сето тоа.

Маркетинг
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива
Фото: Приватна архива

Центар „мирно“, во Чаир „врие“

Од друга страна пак, по одлуката на Владата – кафетериите и рестораните да работат до 18 часот, инспекторите од Државниот пазарен инспекторат излегоа на терен. Се собраа во 17:30. Ги ставија маските и ракавиците и со униформа се качија во автомобили. Десетици инспектори се распоредија на разни локации во Скопје – некои во центарот на градот, а некои во околината, пишува Тв21.

Фото: Приватна архива

Екипата на телевизијата заедно со инспекторите беше на терен низ Дебар Маало. веќе во 18.00 часот светлата беа изгаснати, и можеа да се забележат само сопствениците, пишуваат тие. Но за разлика од центарот на градот, телевизиската екипа продолжи сама и без инспектори и во 18 и 30 часот се појави на улицата „Јахја Паша“. Рестораните беа затворени, но во чајџилниците тие забележаа дека сс уште има луѓе. Иста ситуација беше и со чајџилниците што се наоѓаат блиску до скопскиот стадион. Кога екипите се приближиле да поразговараат со одговорниот на чајџилницата, тој ги нападна и тоа со доста банални зборови.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button