Македонски поет напиша песна за малата Вања – болат емотивните зборови, секој стих предизвикува солзи
„Премлада за вечност, а замина во неа...“
Младиот македонски пиоет и инфлуенсер Божидар Божиновски се огласи на Фејсбук и објави тажна песна во чест на малата Вања.
Во чест на Вања, болиш. Име и презиме Вања Ѓорчевска, возраст секогаш (14). Утрото тој ден се престори на погрешен колосек, Место сонце изгреа мрак, место ден падна ноќ, напиша Божиновски во својата емотивна објава што ја сподели на Фејсбук.
Целата песна прочитајте ја во продолжение:
Неговата објава на Фејсбук има преку 200 споделувања и 5.5 илјади лајкови, а под песната луѓето изразуваат зборови на сочувство.
Потсетуваме, малата Вања Ѓорчевска исчезна на 27 ноември во раните утрински часови на патот кон своето училиште.
Нејзината мајка неколку часа по нејзиното исчезнување објави порака на Фејсбук која се уште стои на оваа социјална мрежа и во која таа изнесе информации за Вања, каде и се губи трагата и како изгледала.
Оваа објава привлече внимание и многумина ја споделуваа на социјалните мрежи, а по некое време излегоа со известување и од полицијата дека девојчето интензивно се бара. По неколку дена беше распишана и Интерпол потерница за исчезнатото девојче, за да по една недела МВР излезат со првични информации, но за жал не онакви какви што очекуваа сите.
Имено, тогаш беше соопштено дека е пронајдено безживотното тело на Вања во близина на Скопје, но и дека се фатени осомничените.
Целиот случај предизвика голем шок во јавноста, посебно откако беше откриено дека еден од осомничените е и нејзиниот татко.
Повеќе за ова прочитајте тука…