Македонските фолк-пејачи се собраа НА ЕДНО МЕСТО: Пресреќни и насмеани – Влатко Миладиноски ја покажа атмосферата
Македонската фолк-елита се собра на едно место и сите имаа убава причина за славење.
Популарниот фолк-пејач Влатко Миладиноски соопшти која е причината поради која се собраа сите и средбата ја овековечи со селфи фотографија.
Македонската музичка сена доби нова манифестација на која освен што настапуваа, пејачите добија и награди за своите достигнувања.
Станува збор за „Фолк вечер на популарноста“ на која настапија голем број познати музички имиња од фолк-сцената.
Ова беше прва година да се одржи овој настан, но организаторите се надеваат дека ова ќе премие во традиција.
Пејачите веднаш се пофалија на социјалните мрежи за наградите кои ги добија, а самиот настан доби и многу позитивни коментари.
Водители на оваа манифестација годинава беа Ирена Спировска и Благоја Грујовска, а учесниците добија статуети, како оддавање на признание и почит за нивното творештво.
Пејачот Влатко Миладонски се пофали дека и тој е еден од добитниците на награди.
„Едно убаво признание
кое секако дека годи
и многу значи!!!“, напиша тој.
Миладиноски направи фотографија на која ги собра сите пејачи од фолк-елитата и ја воодушеви публиката.
Погледнете:
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Инстаграм
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук
ФОТО: Фејсбук