Минатата година Албанија беше летна дестинација за многу туристи од Македонија затоа што Црна Гора и Грција беа затворени скоро цела сезона поради корона вирусот.
Албанскиот брег стана вистински хит, но оваа година ситуацијата сепак малку се менува.
Албанија одеднаш стана дестинација број еден за време на летото 2020 година.
Поволни цени за сместување и храна, плажи на Јадранското и Јонското море, слободно преминување на границата без карантин или негативен тест за короната си го направија своето, па затоа голем број на луѓето од Србија отидоа на одмор токму таму.
Како што сега најавуваат, иако скоро никој немал непријатно искуство за време на летен одмор, тие не се сигурни дека повторно ќе се вратат во Албанија. Причината е значително повисоки цени на сместувањата.
Голем број македонски туристи се жалат на големата по социјалните мрежи дека цените на аражаманите за Албанија веќе се поскапи.
Во зависност од изборот на хотел и одморалиште, во споредба со минатото лето, сè е поскапо и до 30 проценти, иако станува збор за резервации во претсезоната.
– Минатата година плаќавме 25 евра за соба на ден, сега во истото сместување цената е 25 евра по лице – коментира еден од членовите на групата, додека една жена додаде дека ја проверила цената на станот што го изнајмила минатото лето и за истиот период оваа година цената пораснала двојно.
Сепак, цените во Албанија се уште се многу поповолни во споредба со Грција, на пример и во Хрватска, така што преку Букинг можете да најдете сместување за двајца, за седум дена, по цена од 500 евра па нагоре.
Засега нема информации дека ќе биде укината забраната за македонските туристи за да заминат во Грција.
Се шпекулираше дека оние кои ја примиле вакцината против короната ќе можат да влезат во Грција без тест, но се покажа дека нема договор меѓу нашите земји, барем додека состојбата со епидемијата не се смири уште повеќе.
Во меѓувреме, Европската унија побара уште построго да биде ограничување на движењето на патници, забранувајќи пристигнување на луѓе од земји каде бројот на пациенти на 100.000 жители е поголем од 9.