Македонскиот пејач никогаш посреќен: Му се роди ќеркичка – бебето доби прекрасно македонско име
Македонскиот пејач доби ќеркичка.

Таско ја соопшти прекрасната вест на социјалните мрежи.
Кристијан Тасковски во јавноста познат како Таско е еден од најдобрите хип-хопери на нашата музичка сцена.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Тој е еден од ретките музичари кај нас кои успеале со популарност да се стекнат и на српскиот пазар, но и пошироко.
Досега има неколку соработки со познатите балкански музички имиња.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Но, кога не е на настап има и други обврски.
Тој и неговата сопруга Таша Реј се родители на малиот Лукијан кој неодамна наполни 1 година.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Нивното семејство се надополни со уште еден член.
Таско и Таша Реј добија ќеркичка, а раперот откри и како одлучиле да ја крстат.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Малото девојче го доби името Кирјана.
Улогата на татко целосно го промени раперот, кој сѐ почесто во јавност ја покажува и онаа другата, понежна страна.
ФОТО: Инстаграм / Таско
Сигурно сме дека и малата Кирјана ќе биде мала татина принцеза.
Честитки до семејството.