Македонската Шерон Стоун фит и во седмата деценија – оваа жена не старее
Годините за неа се само бројка.
Популарната македонска актерка изгледа фит и во седмата деценија од животот.
Јавноста ја запозна како дел од првата постава на македонските народни приказни, а огромна популарност стекна и како дел од популарната емисија Хихирику, која секое утро во недела беше неизоставен дел од секое македонско семејство.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
И на снимање, и на прошетка, па и во домашна атмосфера, Стојна Костовска е секогаш средена од глава до пети.
Малкумина знаат дека како млада се занимавала со спорт, но и паралелно посетувала и драмска лекција.
41 година била дел од македонската театарска сцена, а денес ужива во своите пензионерските денови.
Препознaтлива е и по своите шешири кои се труди да ги носи на разни прилики.
Љубовта кон нив вели дека можеби ѝ е наследена од нејзината кума која исто така била љубител на шешири.
Не е многу активна на социјалните мрежи, но понекогаш знае да сподели некоја фотографија од себеси.
ФОТО: Фејсбук / Стојна Костовска
Од нејзините последни фотографии објавени на Фејсбук може да се забележи дека времето како да запрело за неа.
Исто како и холивудската актерка Шерон Стоун, така и Стојна се вбројува меѓу дамите кои стареат како виното.
Витката линија и долгата црна коса и понатаму се нејзин заштитен знак.